ИРУ на дебата во Roma News: ИРУ е организација која се бори за Ромите во интернационалните институции

На 13 мај 2020 година на Веб порталот „ Roma News„ се одржа дебата преку лајф стриминг со дел од Кабинетот на Интернационалната Ромска Инија – ИРУ, кој ја информираа јавноста за превземените акции и планови кога се работи за Ромската Нација насекаде во светот.

 

Гости во на Дебатата беа: Зоран Димов Претседателот на ИРУ, потоа подпретседателите на ИРУ Розита Гронфорс од Шведска, Ајтен Берафла од Данска, ИРУ Консултантот од Финска Марја Еронен, рускиот преставник на ИРУ Ангелика Орлова, Преставниците на ИРУ од САД Шон Вискарсон и Марк Антони, Анатолиј Бутаков ИРУ преставник од Мексико и Рамуш Муарем од Р.С.Македонија.

Повремено се вклучуваа и Стефано Кузицов од Шведска и Риши Верандра од Индија.

 

За време на дебатата секој од преставниците на самиот старт се преставија и го објаснија својот дел на активностите во ИРУ, а истовремено и со кој проблеми највеќе се сеоочува ромската заедница во државите од кај доаѓаат ИРУ членовите.

 

Истовремено од страна на претседателот на ИРУ Зоран Димов беше објаснето дека ИРУ како организација дејствува и испраќа, препораки, декларации, резолуции и други важни документи во името на ИРУ до поголем број на европски и други интернационални институции. Потенцирано е дка ИРУ се бори институционално за да се подигне на едно повисоко ниво соработката и перцепцијата кога станува збор за Ромската заедница насекаде во светот.

 

Од страна на ИРУ преставниците од повеќе држави за време на дебатата објаснија дека ИРУ не е никаква хуманитарна организација или фондација која одвојува средства за проектни активности, со која се во заблуда повеќето луѓе мислејќи дека ИРУ е еден вид на хуманитарна организација.

Факт е дека ИРУ повеќе делува од институционална или политичка страна, и дека е базирана на подготовка на планови и стратегии, како и логистичка рамка за нејзина имплементација.

 

Воедно беше објаснето и дека ИРУ воедно работи како тим, заеднички каде се претпочита демократското право и во таа насока и направен и формиран тим на Еднаквост – ЕТ, како и дека во сред пандемијата со КОВИД 19 иру иницираше и поднесе Резолуција до Европскиот Парламент во врска со превземање на акции за заштита на Ромската заедница.

 

Сублимирајќи ја поентата на оваа дебата ИРУ се потруди за тоа кратко време да ги презентира само еден мал дел од своите заложби и активност, како и дел од плановите и стратегиите кој ги создаваат за своето идно делување.

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 117 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот