ИРУ: Според прогнозите на ОН со пад од 3,2 проценти на светската економија во 2020 година, на Ромите им се заканува уште поголема сиромаштија

Интернационалната ромска унија –ИРУ, за време на пандемијата со КОВИД 19, прави напори на кој начин може да им се помогне и на Ромите за полесно справување со оваа состојба. Еден од најголемите проблеми се и од економски аспект. Инаку ИРУ има ECOSOC во ОН, и со тоа е директно вклучен и во тој сегмент од социо економскиот статус.

Но според ИРУ, прогнозите од страна на ОН во врска со светската економија за 2020 година не се оптимистички.

Обединетите нации проценија дека светската економија годинава ќе падне за 3,2 проценти, како резултат на пандемијата на коронавирусот, најмногу од Големата депресија во 1930-тите.

Тоа значи дека  околу 34,3 милиони луѓе веројатно ќе паднат под крајната линија на екстремна сиромаштија, а меѓу нив ќе бидат и Ромите.

ОН предвидуваат дека дополнителни 130 милиони луѓе би можеле да се најдат во крајна сиромаштија до 2030 година.

За да не дојдат до тие црни сценариа ИРУ  и неговата Комисија за економија интензивно ќе бара алтернативи во координација со ОН и заедничките канцеларии во Њујорк, Женева и Виена за ублажување на предвиденте прогнози, и воедно во периодот кој следува да се направат сет мерки и стратегии помеѓу ОН и ИРУ , и да се амортизира целата оваа состојба во периодот кој доаѓа.

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 93 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот