Во екот на пандемијата со КОВИД 19 која владее во светот, Претседателт на Интернационалната Ромска Унија –ИРУ Зоран Димов, покажа интерес да ја согледа состојбата во затворите во Р.С.Македонија, поточно состојбата со ромските затвореници во екот на пандемијата.
Со таа цел беше иницирана средба со еден од раководителите на овие казнено поправни установи со Есад Рахиќ директор во Истражниот затвор – Скопје, кој во јавноста е познат како Затвор „Шутка„.
На средбата претседателот на ИРУ Зоран Димов се интересираше за третманот на ромските притворени лица во овој затвор, како и затоа меѓудругото дали се превземени сите здравствени протоколи за нивна заштита од коронавирусот.
Директорот Рахиќ напомена дека тие како институција ги превзедоа сите чекори, и ги применуваат сите препораки од Министерството за здравство на Р.С.Македонија, за поголема заштита на самите притворени лица во Затворот „Шутка„ вклучувајќи ги и ромските штитеници, така да до сега за среќе не се забележани некој сериозни пропусти.
Што се однесува до третманот и заштитата од дискриминација и почитување на правата на затворениците Рахиќ напомена дека е најотворен и транспарентен и дека институцијата ги превзема сите мерки за заштита од тие појави.
За време на разговорот исто така Зоран Димов имаше и неформална средба со дел од затворениците –Роми, се интересираше за нивниот третман , каде ги слушна и нивните видувања.
Тие напоменаа дека во најголем дел тие се почитуваат, и дека затворската служба на чело со директорот Рахиќ многу често и им излегува во пресрет на дел од нивните барања.
Заклучокот од оваа средба беше дека Зоран Димов и понатаму со големо внимание ќе ја следи состојбата со оваа категорија на граѓани и дека за секој евентуални аномалии ќе бидат информирани како домаѓните така и меѓународните институции за заштита на човековите права и слободи.