ИРУ реагира: Марсело Зуиниси од Associazione Nazione Rom од Италија, никогаш не бил член на ИРУ и не смее да го користи името на ИРУ

Општо познато е дека состојбата со КОВИД 19 во целиот свет е загрижувачка и алармантна. Тука вклучувајќи ја и Ромската заедница како една од најранливите заедници во оваа пандемија. Италија е општопознато соочена исто со невидени катастрофи.

Тоа е знак и аларм дека ЕУ потребно е да се вклучи поактивно во справување на овие остојби, а нарочито поврзани со Ромите. ИРУ како една од најголемите интернационални организации во светот, преку своето членство прави напори донекаде да се ублажи или амортизира оваа состојба. Но има и такви луѓе, кој познавајќи ја хаотичната состојба, можеби сакаат некој личен бенефит и сатисфакција за персонално или групно издигање.

 

Забележливо е дека преку социјалните мрежи се промовира и прави широка акција на собирање на финасисики средства од страна на Марсело Зуиниси кој се преставува како претседател на Associazione Nazione Rom од Италија. Алармантно е дека самиот Зуиниси повеќе пати ја инволвира и Интернационалната Ромска Унија – ИРУ како организација дека стои позади неговите акции и дека е дел од ИРУ.

 

ИРУ најостро ги осудува и ги демантира сите наводи на Марсело Зуиниси и напоменува дека никогаш не бил член или дел од ИРУ. Исто така ИРУ ги демантира и наводите дека и самопрогласената членка на ИРУ Мелиса Гунасена од Северна Ирска која е во тесна соработка со Марсело, никогаш претходно не била ниту е член на ИРУ. Воедно ИРУ сака да го демантира и својот член и ветеран од Лондон Гратан Пуксон, дека ИРУ има формирано некој свој Извршен Комитет кој индиректно ги подржува акциите на Марсело. За да јавноста биде запознаена подобро ИРУ за оваа криза има формирано свој Кризен Штаб кој делува и соработува со со европските институции и европратеничката Ливија Јарока.

 

Значи дека тој Извршен Комитет кој го потенцира Гратан Пуксон и соработува со Марсело и Мелиса нема никаква врска со ИРУ нити активности на ИРУ, и сака и најостро ги отфрла тие аргументи, за да не се создаде конфузија во јавноста.

 

Истото го потенцираше и самата европратеничка Ливија Јарока, која истакна дека соработува само со Зоран Димов и неговото ИРУ, и во никој случај со ликови и профили како што се Марсело, Мелиса и слични на нив

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 154 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот