Ромскиот Традиционален Суд (Ромски: Крис) е традиционален суд за решавање на конфликти во Ромската заедница.
Терминот произлегува од грчкиот јазик, "κρίση" (пресуда). Таа е клучна институција за спроведување на Ромските закони (Romani: romano zakono; zakonuri) во ромското општествено живеење.
Со години наназад одлуките на оваа внатрешна институција се почитувале вклучувајќи го и денешното секојдневие.
Во тие рамки и ИРУ во своите структури ја има оваа Комисија. На нејзино чело се наоѓа Грегор Јулсон, долгогодишен и искусен крисар, и познавач на тие состојби. Во Комисијата исто така членуваат Крисари од европско тло кој многу добро ја познаваат оваа проблематика . Тоа се: Теодор Муто од Шведска, Милош Николиќ, Јан Гил, Стефан Видов и Јозеф Лакатош.
Тие имаат усвоено и кодекс на ИРУ Крисот усвоен на Парламентот во Белград, а истовремено и Советот со свој офис во Шведска –Малме.
За прв пат во историјата на Ромскиот Крис во Скопје во март 2020 година за време на 11-от ИРУ Конгрес, Традиционалниот ИРУ Крис ќр ја разгледа можноста во состав на Крисот да влезе и членува Крисар – жена Ромка.
Тоа е всушност револуција во Ромскиот Крис, и ќе се даде до знаење дека дигнитетот и правото на ќената Ромска се издига на едно ново повисоко рамниште.