Во март оваа година за време на одржување на 11 – от ИРУ Конгрес во Скопје една од точките кој ќе бидат на агендата е Економскиот и Бизнис развој на Ромската заедница.
Во фокусот ќе биде одржлив економски и бизнис ромски профили преку претприемачи, и формирање на бизнис инкубатори.
Воедно ќе се фокусираат и на потикнување на развиток на Бизнси активност на жената Ромка. Целите и задачите на Конференцијата за време на Конгресот на ИРУ ќе се насочат во неколку сегменти.
Се верува дека преку овозможување на развој на бизнисите претприемачите ќе доведат до долгорочно вработување и зголемување на можностите за работа кај Ромската заедница на интернационално ниво.
Визијата на ИРУ како организација која сака да го промовира овој дел е се промовира економски напредок во ромските заедници. Целите и задачите на оваа конференција ќе бидат
Зголемување на микро, мали и средни претпријатија во маргинализираните ромски заедници, идентификување, инвестирање и поддршка на оние кои имаат потенцијал да додаваат нови работни места и да ги зголемат придобивките за заедницата.
Негување на претприемништвото кај жената Ромка, така што ќе станат катализатор за зајакнување на економскиот развој.
Залагање и искажување на интересот на ромските претприемачи преку воспоставување деловни клубови / здруженија / кооперативи со цел подобрување на деловното опкружување и можности за финансирање.
Изградба на кадар на ромски инвестициски професионалци околу кои ќе се гради Ромски инвестициски фонд.