Еден од главинте сегменти на 11-от по ред Конгрес на ИРУ кој ќе се одржи од 26 -29 март годинава во Скопје, ќе биде и темата „Ромски Обмдусман.
По парламентарната седница на ИРУ во јуни 2019 година кога беше промовиран и Ромскиот Омбдусман – Контакт Поинт, кој доби безрезервна подрша од сите релевантни интернационални институции, следниот чекор беше зацврстување и почеток на функционирање.
Во тој контекст веќе е направен и првиот чекор, каде е промовирана Канцеларијата на Ромскиот Омбдусман кој Интернационалната Ромска Унија – ИРУ покрај ЕСОЅОС статусот во ОН сега и со свој офис ќе функционира во рамките на Обединетите Нации во Женева – Швајцарија. Таква одлука беше донесена кон крајот на номеври 2019.
На престојниот Конгрес на ИРУ се оди чекор понапред! Во тое рамки за време на дискусиите, ќе се презентира и новата стратегија и план на работата на оваа канцеларија. Воедно ќе биде преставена и структурната шема на функционирање. Според досегашните активности, Ромскиот Омбдусамн покрај функцијата Шеф, воедно ќе се прововираат и неговите двајца заменици Росми Омбдусман.
Интересно е тоа што во рамките на функционирањето паралелно ќе работат и мрежата од Национални Ромски Омбдусмани – Контакт поинт. Тоа во превод би му дошло дека поголемиот дел од државите каде има Ромска заедница, ќе имаат и свои Ромски Омбдусмани кој ќе ја комплетираат целосно оваа мрежа.
На овој начин ИРУ покажува ангажман и грижа да се елиминира секој вид на дискриминација и кршење на основните човекови права со акцент на Ромската заедница ширум Европа и светот.
Сето ова ќе биде надополнето со статус, и кодекс на однесување и работата како на главниот така и на националните Ромски омбдусмани.