Во рамките на активностите како и почитување на основните човекови права ќе се дискутира и на престојниот 11-ти Конгрес на ИРУ во Скопје, и во тие рамки своја презентација и мислење ќе има од страна на стручни лица познавачи од таа област.
Еден од тие сегменти е и темата: „Почитување на правата на затворениците од етничките заедници низ призмата на ромската заедница„
Како нејзин воведничар планирано е да биде докторантот Наташа Амдију од Факултетот за безбедност при Универзитетот „Климент Охридски„ Битола.
Темата ќе биде со цел од претходните направени прашалници со засегнатите лица – осуденици/затвореници и тој прашалник ќе има за цел да се добијат информации за нивото на препознавање на проблемите од страна на осудените лица, вклучително и на припадниците на помалите етнички заедници во КПД Идризово, КПЈ Затвор Скопје и КПД Штип, врз 20 испитаници од секој затвор поединечно.
Во таа насока, прашалникот е поделен на четири (4) дела: општи информации, препознавање на проблем и информираност и користење на постоечките механизми за пристап до правда.