Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија во рамки на ИПА-проектот „Активација на ранливи групи на пазарот на труд“ финансиран од Европската Унија, на ден објавува
ЈАВЕН ПОВИК
до невработени лица за вклучување во мерката
3.3 Обуки за побарувани занимања на пазарот на труд
Се повикуваат евиденираните невработени лица:
- корисници на ГМП (гарантирана минимална помош),
- жени,
- Роми,
- млади до 29 години,
- лица со попреченост и
- долгорочно невработени лица
кои се заинтересирани за учество во мерката „Обуки за побарувани занимања на пазарот на труд“, да се пријават во работните клубови на Центрите за вработување на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, каде редовно се евидентираат како невработени лица, секој работен ден од 09:00 до 14:00 часот.
Обуките ќе се спроведуваат од страна на верификувани спроведувачи на обуки, а се однесуваат на следните занимања и градови:
- Обуки за побарувани занимања со услов – лицето да има завршено минимум основно образование:
- Негувател/ка на стари и немоќни лица – Скопје, Тетово, Штип, Кочани;
- Асистент за нега на лица со Алцхајмерова болест – Скопје, Штип, Неготино;
- Асистент за нега на лица со мултиплекс склероза – Штип;
- Маникир – Скопје, Тетово, Битола, Штип;
- Фризер – Скопје, Куманово, Тетово, Штип;
- Козметичар – Скопје, Тетово, Битола;
- Шминкер – Скопје, Штип;
- Масер – Скопје, Тетово, Штип;
- Слаткар – Скопје;
- Готвач – Скопје;
- Пекар – Скопје;
- Изработувач и монтажер на плочест мебел – Тетово;
- Автомеханичар – Скопје, Тетово;
- Службеник во сметководство – Штип, Кавадарци
- Оператор за компјутерски системи и мрежи – Куманово
Б. Обуки за побарувани занимања со услов – лицето да има завршено минимум средно образование:
- Службеник за сметководство – Скопје, Тетово, Битола, Штип, Куманово;
- Монтер и сервисер на фотоволтаични панели – Штип;
- Аргон заварувач – Штип;
- МИГ МАГ заварувач – Тетово;
- Оператор/Ракувач на ЦНЦ машини – Штип;
- Дијагностичар на мехатронички системи – Тетово;
- Дигитален маркетер – Битола, Скопје;
- Оператор за поддршка на компјутерски системи и мрежи – Битола;
- Оператор за изведба и одржување на компјутерски мрежи – Штип;
- Парамедик-Давател на итна медицинска помош – Штип;
- Оџачар – Штип
- Бравар – Тетово
- Металостругар – Тетово
- Оператор на ЦНЦ машина - Тетово
Обуката ќе се реализира во период од 2 (два) месеци, а по завршување на истата кандидатите ќе изведуваат секојдневна практична работа во реални услови кај работодавачи во времетраење од 1 (еден) месец. Доколку спроведувачите на обука се приватни компании (работодавачи), практичната работа во времетраење од 1 (еден) месец може да се изведува кај истата приватна компанија (работодавач).
Лицата вклучени во обуките ќе добијат месечен бруто надомест во висина од 9.000,00 денари, со вклучено осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионалнa болест и данок на личен доход за времетраењето на обуката.
Невработените лица кои ќе ја завршат обуката, практичната работа и успешно ќе го положат предвидениот испит, ќе се стекнат со Сертификат издаден од верификуваните спроведувачи на обука пропишан од Министерство за образование и наука.
Вклучените евидентирани невработени лица кои се корисници на гарантирана минимална помош или користат право на парична помош од социјална заштита или паричен надоместок, за времетраење на обуката не го губат ова право.
Условите, правата и обврските ќе бидат уредени со склучување на договор помеѓу Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија и селектираните кандидати.
Обуките ќе се спроведат доколку има доволен број на пријавени кандидати, кои ги исполнуваат условите наведени во Јавниот повик.
При селекција на пријавените кандидати во обуките предност ќе имаат невработени лица кои претходно не биле вклучени во оваа мерка.
Заинтересираните невработени лица може да го изразат својот интерес и/или да поднесат поднесат Пријава во Центарите за вработување, секој работен ден од 09:00 до 14:00 часот, до исполнување на предвидениот опфат.
Детални информации може да се добијат во работните клубови на 30-те Центри за вработување, на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, контакт телефонот 02-3111-850, веб страната www.av.gov.mk, како и во ИПА-канцеларијата на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..
Овој повик е со важност од 06.09.2023 до 29.09.2023
АГЕНЦИЈА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА
РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА