Во Собранието денеска ќе биде одржана работна средба на Интерпартиската парламентарна група (ИППГ) за поддршка на правата на Ромите, нивна инклузија и интеграција во Република Северна Македонија.
Работната средба е во врска со редовните активности за 2023 година.
Членови во Интерпартиската парламентарна група за поддршка на правата на Ромите, нивна инклузија и интеграција во Република Северна Македонија се: Љатифе Шиковска – координаторка, Игор Здравковски - заменик-координатор и Љупчо Балкоски - заменик-координатор. Членови се : Арбана Пашоли, Санела Шкријељ, Дафина Стојановска, Мерита Колчи-Коџаџику, Јадранка Поцкова, Бедри Фазли, Велика Стојкова-Серафимовска, Ангелинка Петкова и Лидија Тасевска.