Во рамки на активностите во Брисел, претеседателот на ИРУ Зоран Димов на маргините на состанокот во Европскиот Парламент „Roma Week” имаше средба со Марта Гарсија Фидалго - Советник за инклузија на Ромите и еднаквост Координатор за соседство и преговори за проширување, Европска комисија.
За време на таа средба Димов ја запозна Фидалго со дел од активностите и плановите на ИРУ и нивното делување .
Покрај тоа тој ја информираше за состојбата со Ромската заедница како во државите во ЕУ така и Западен Балкан а воедно и за Ромите од Украина.
Воедно ја информираше и за Декларацијата која ја подготви ИРУ до сите европски институции како и Декларацијата од страна на Мрежата за системски и трајни решенија чиј е и координатор,
Како потпреседател на ЕРТФ ја информираше и за тековните кативности во оваа организација која е дел од Советот на Европа.
Марта Гарсија Фидалго напомена дека е тука секогаш да помогне во имплементација на планови и стратегии поврзани со Ромите и дека секогаш е подготвена за соработка и координација.
Таа ја истакна својата заложба и посветеност како Советник за инклузија на Ромите и еднаквост во ЕК и воедно напомена дека ја цени работата на ИРУ како и активностите на нејзиниот претседател Зоран Димов.