На 29 мај 2022 ненадејно почина заменик комесарот за финансии и еконија на ИРУ Др. Сатиш Пиларесети.
Тој живееше и работеше во Њу Делхи , Индија е е активен член и делегат на ИРУ во последните две години.
Инаку Др. Пиларесети е вистински стручњак и професионалец во својата област од финансии и економија. Тој во Индија беше и Извршен директор во Са-Дан (Асоцијација на финансиски институции на заедницата) во Њу Делхи и таа функција ја извршуваше во последните седум години.
Со неговата смрт ИРУ и ромската заедница изгуби еден врвен професионалец како и еден докажан стручњак од областа на економијата и финансиите кој беше докажан во својата област, кој има завршено и високо образование на Харвард Бизнис Универзитетот.
ИРУ на чело со претседателот Зоран Димов го изразува своето длабоко сочувство до најблиските од неговото семејството.