Интернационалната Ромска Унија - ИРУ поповод смртта на младиот Ром Станислав Тома од Теплице - Република Чешка кој се случи на 19 јуни годинава реагираше со протесно писмо до Амбасадорот на Република Чешка во РС Македонија- НЕ Мирослав Томан, од страна на Претседателот на ИРУ Зоран Димов. ИРУ реагира дека целиот овој случај сака да се минимизира, и да му се даде поинаков правец. ИРУ реагира на пасивниот однос на полицијата кон овој случај, и затоа ИРУ го повикува чешкото МВР, чешките државни институции, и воедно европските институции овој случај да биде приоритет во негово расветлување и темелна истрага која ќе биде јавна и транспарентна се вели во реакцијата на ИРУ испратена до Амбасадата на Чешка во Р.С Македонија