На 4ти Јуни 2021 Јусуке СУМИ кој студиреаше под професор Георѓе Сарау во Романија, одржа предавање за Ромскиот јазик и Културата на Ромите во Канда Универзитетот на Интернационални Студии, Јапонија. Неговиот говор беше насловен “Ромскиот Јазик – трагите на талкачите“. Презентацијата беше одржана онлајн поради вонредната состојба и околу 80 студенти и професори беа поканети и присутни на Повеќејазичниот Центар за Комуникации
Тој презентираше основни работи за историјата на Ромите, покажувајќи го краткото видео кое беше направено за време на 50 Годишнината од воспоставувањето на ИРУ. Потоа разговараше за културата и јазикот на Ромите.
Во продолжение, еве ги некои од коментарите од присутните кои се собраа на ова предавање. Како што може да видите, јасно е дека Јапонските студенти навистина не знаат за Ромите:
“Јас си мислев дека Ромите живеат сите заедно во една држава. Изненадување беше фактот дека тие не делат заедничка религија или пак некои традиции.“
“Импресивен е фактот дека тие имаат официјално име, знаме и химна, но живеат во различни држави.“
“Прв пат слушам за Ромскиот јазик. Не знаев дека Ромите биле убиени најмногу по Евреите во Втората светска војна“.
“Го имам слушнато зборот ‘Цигани’ но ‘Роми’ никогаш. Кога го слушнав зборот Роми за прв пат, си помислив дека тие се луѓе кои живеат близу Рим во Италија.“
“Многу ми се допадна говорот на Претседателот на ИРУ во филмот ‘ИРУ е едно семејство’.“
Тоа беше одлична можност за млади Јапонци да бидат заинтересирани за историјата и културата на Ромите. Повеќејазичниот Центар за Комуникации на Канда Универзитетот за Интернационални Студии сега планира да организира курс по ромски јазик, поканувајќи го Јусуке СУМИ да биде предавач во иднина.