На 27 јуни 2020 година како што беше најавено преку Видео конференција се одржа редовниот XI-от Конгрес на ИРУ. За прв пат во својата историја ИРУ Конгресот беше организиран преку Видео конференција, поради општопознатата состојба со пандемијата со Ковид 19. Истовремено за прав пат и гласањето беше спроведено покрај постојаните делегати и членови на ИРУ, и преку веб платформата на ЕТ ИРУ тимот, преку електронска пошта од страна на ромската нација насекаде низ светот. На видео конференцијата учествуваа рекорден број на делегати и членови на ИРУ (преку 100) од рекордни 55 држави од светот. Гласањето беше успешно спроведено и за идното раководство на ИРУ преку електронски пат ја дадоа подршката 82.7%, додека против беа 17, 3%.
Според тоа покрај верификација на другите функции за Претседател на ИРУ во следниот мандат 2020 -2024 година на функцијата Претседател е назначен досегашниот прв човек на ИРУ –Зоран Димов од Р.С Македонија.
Како потпреседатели на ИРУ назначени се Ајтен Берлафа - Финска, Стефано Кузицов- Шведска, Пунита Синг и Др Вијендра Шарма - Индија
На функцијата Претседател на ИРУ Парламентото е избрана Розита Гронфорс -Финска, додека потпреседатели на ИРУ Парламентото се назначени Грацијано Халиловиќ -Италија и Радмила Нешиќ -Србија.
Инаку исто така одбрани се и останатите функции межу кои како Главен Висок Комесар на ИРУ е избран Кхурам Кхан од Пакистан, и водено уште 12 Комесари на ИРУ.
Инаку за прв пат во историјата на ИРУ направен е прием на нови 60 ИРУ делгати и членови од 55 држави од целиот свет. Воедно беа назначени и координатори на ИРУ за секоја држава посебно.
Општа оценка е дека Конгресот на ИРУ беше над се успешно организиран, а во следниот период целото раководство на ИРУ ќе се фокусира во правење на планови и стратегии за периодот кој доаѓа со акцент за борба потив пандемијата со Ковид 19, и зацрвтување на позициите на ИРУ во меѓународни рамки.
Со своја подршка и успешна работа свои пораки испратија и преставници од Европската Унија, Европскиот Парламент меѓу кој и Потпреседателот на Европскиот парламент Ливија Јарока, какои европратеникот Питер Полак, преставници од Европската Комисија , Амбасадори и други меѓународни организации и фондации како и интернационални здруженија и асоцијации.