Сабота 27 јуни 2020 година ќе биде еден од најважните датуми во поновата ромска историја. Тој ден се одржува 11-от Конгрес на ИРУ. Во претпладневниот термин планиран е свечен протокол на отварање на ИРУ Конгресот и обраќање на многу гости кои го потврдија своето учество преку Видео конференција.Во попладневниот термин ќе се одржи изборот на целото членство на ИРУ и приклучување кон старите членови на ИРУ со нова гарнитура.За прв пат преку демократски процеси со електронско гласање ќе се одберат функциите на идното раководство на ИРУ.Интересот е огромен и за приклучување кон ИРУ. Пристигнати се огромен број на апликации а се очекува и прием на новите членови и делегати на ИРУ. Нивниот број кој ќе се придружат кон ИРУ се над 60 нови членови и делегати на ИРУ од над 55 држави од целиот свет.