Интернационалната Ромска Унија –ИРУ како најстара и најголема интернационална ромска организација, од самиот старт преточено и во Статутот на ИРУ функционира на база на почитување на демократијата, еднаквоста и транспарентноста. Тоа е целта - чекор на патот кон градење на поширок мандат на сегашните па и идните ИРУ членови и делгати.
Со тоа се зголемува и самата легитимност, одговорност и политичкото влијание на претставувањето на Ромите.
Во таа насока ИРУ е активен преку својот ТИМ ЗА ЕДНАКВОСТ (ЕТ), кој главна задача е преку зголемување на бројот на членството на ИРУ преку активни членови, активни делегати и воедно надворешни членови (соработници).
Затоа ИРУ ја отвара ширум својата врата за прием внатре во организациската структура на ИРУ. Тоа ќе придонесе за зголемување на бројот на организации за соработка со ИРУ, зголемено влијание на ИРУ како и финансиска одржливост на ИРУ.
Со Вашето членство во ИРУ воедно ќе придонесете и Вие за се она за кој се залага и ИРУ а тоа е - ги штити правата на Ромите од целиот свет од сите негативни појави во сите форми на дискриминација, говор на омраза, сегрегација, нетолеранција, насилство и геноцид.
Основата на организацијата лежи во Декларацијата за човекови права на Обединетите нации, меѓународните инструменти за човекови права и основните права загарантирани во националните закони. Организацијата ги промовира човековите права на секој начин.
ИРУ има свој статус на ECOSOC во Обединетите нации (ООН).
ИРУ има соработка и комуникација со властите и носителите на одлуки, локалните невладини организации и фондациите, како и со други организации како што се ЕК, ЕП, Светска банка, ООН, ОБСЕ, Светски цркви, Папата, Совет на Европа, ИОМ, ОБСЕ, ОДИХР и СЗО, УНИЦЕФ, Спасете ги децата, Светската визија, Амнести Интернешнл, WeMove Европа, Европската мрежа против сиромаштијата (ЕАПН), Медецинс Санс Фронтиерес (МСФ), ФАО и Црвениот крст.
Во таа насока ова преставува убава можност со Вашиот интелектуален капацитет, активност, искуство, знаење и сл, да бидете и вие дел од ИРУ.
Затоа би сакале да Ве информираме дека со ваше испратено CV и пополнета апликација на е маилот - Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., можете да се пријавите и да се разгледа и Вашето барање за прием во ИРУ.
Тука превземте апликација
Со почит
Тимот на Еднаквост - ЕТ