На 28 февруари годинава во Финска почина истакнатиот ромски активист и борец за правата на Ромите –Виктор Фамулсон.
Фамулсон беше и Претседател на Унијата на Балтичките Роми –БРУ и почесен претседател на ИРУ. Тој во периодот 1990 – 1994 година беше и потпреседател на ИРУ
Неговата активност како ромски активист беше огромна и со голем придонес во ромското движење.
Тој беше еден од првите иницијатори за одржување и на Првиот Светски Конгрес на Ромите во Лондон на 8 Април во 1971 година.