Кој има најголеми шанси да биде следниот претседател на ИРУ?

Полека но сигурно , се наближува и датумот и периодот кога треба да се одбере најновот раководство на ИРУ кој ќе ја води организацијата и во следните 4 години.

На последниот 10-ти Конгрес на ИРУ во март 2016 година во Скопје, се случија кадровски промени во ИРУ. На тој Конгрес како претседател беше избран Зоран Димов. Тој го прифати предизвикот и како претседател на ИРУ во периодот 2016 -2020 воведе доста нови моменти во ИРУ, а воедно заедно со новиот тим, работеше макотрпно да го врати ИРУ на вистински колосек, затоа што претходниоте раководства со својата неактивност го доведоа ИРУ до „клиничка смрт„.

Во периодот 2016 -2020 , Зоран Димов успеа да го „реанимира„ ИРУ како и институционално да го конектира со поголем број на европски и светски институции и организации. Заедно со тимот и кабинетот успеаа да го поврати изгубениот статус на ИРУ во УН, и повторно да се стекне со ЕСОЅОС статусот. Воедно успеа и во сите канцеларии на ОН да воспостави свои луѓе и тим. Тоа подразбира и во офисите во Њујорк, Виена и Женева. Разработија свој плани и стратегија кои го презентираа пред битни европски институции како што се Советот на Европа заедно со ЕРТФ. Во постојан контакт и комуникација се со сите амбасади низ светот. Ја зацврсти соработката со Советото на Светските цркви. Воедно ја разработи и почна со имплементација на една од најважните прашања за Ромите а тоа е Ромскиот Омбдусман – контакт поинт, кој добри безрезервна подршка од сите релевантни европски институции и организации.

Исто така под раководство на Зоран Димов, започна и имплементацијата на еден дамнешен сон на ИРУ, а тоа е идното раководство да не биде само избор и гласање, туку мандатот да биде стекнат по легален пат и да биде со поширок мандат – глас од ромскиот народ. Таа идеа ја даде Гратан Пуксон како Демократска Транзиција која токму во периодот на Председателството со ИРУ беше со Зоран Димов, ја прифати и за цело време се афиримира како еден од најважните ИРУ предизвици.

И сега на „крајот од денот„ сублимирајчи ги постигнатите цели и идни планови, се доаѓа до заклучок, кој ги има шансите за нов мандат во ИРУ. Според досегашните анализи, предлози и прогнози, шансите за уште еден мандат се на страна на досегашниот состав на ИРУ раководството предводена од досегашниот претседател Зоран Димов! Но сепак да оставиме на епилогот кој ќе биде познат при крајот на март.

До тогаш – здравје и внимавајте на Корона вирусот!

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 145 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот