11-от Конгрес на ИРУ во Скопје, кој ќе се одржи од 26 до 29 март оваа година, во вистинска смисла на зборот од организациски аспект, ја дигна ромската нација низ светот „на нозе„.
Најавено е присуство на близу 100 ИРУ делегати и членови, а исто така и 50-тина други гости.
Но сепак обна што изгледаше неверојатно, можеби сега е лесно остварливо.
Светскиот шампион во бокс во тешка категорија кој викендов се стекна со оваа престижна титула, Тајсон Фјури лесно може да се случи да биде и дел од овој Конгрес.
Имено со него во интезивен контакт и преговори е најстариот член на ИРУ од Велика Британија и Претседател на Демократската Транзиција, познатиот ромски активист Гратан Пуксон.
Тој е во контакт со ПР службата и со Тајсон Фјури, за негово доаѓање во Скопје.
Доколку одговараат термините, и доколку нема некој важни активности, многу лесноо можеби и Тајсон Фјури да биде дел од 11-от Конгрес на ИРУ во Скопје.
Според некој најави во најскоро време ќе се искристализира ситуацијата и ќе се дознае повеќе до каде е процедурата со евентуалното негово доаѓање во Скопје, дознава порталот Roma Times.