Членството и Претседателството на ИРУ, викендов преку Видео конференција се презентираа инструментите и насоките за престојниот Конгрес на ИРУ кој ќе се одржи од 28 до 30 Март 2020 во Скопје, Р.С.Македонија.
За време на дискусиите и презентациите Претседателството на ИРУ ги прецизираа насоките на кој начин ќе се имплементира планот за реализација во доменот на Демократска Транзиција поточно начинот на електронското гласање, каде веќе се регистрирани над 5.000 гласачи од целиот свет.
Интересен е и моментот дека ИРУ за време на Конгресот на ИРУ ќе го верификува мандатот на новопримените ИРУ делегати. Како што е претходно информирано веќе во тек се аплицирање за членство во ИРУ каде апликационите формулчари и правила се достапни како на Веб сајтот на ИРУ така и на Веб порталот Рома Тајмс.
Интересно е дека за челенство во најстарата и најголемата ромска организација ИРУ интересот е огромен. Секојдневно на е маил адресата на ИРУ пристигнуваат огромен број на апликации.
Од ова јасно и недвосмислено произлегува дека ИРУ е почитувана и високо позиционирана ромска организација и на сите им е јасно закредибилитетот на ИРУ во меѓународни рамки.
Интересно е и тоа дека сите потенцијални кандидати за членство на ИРУ јасно се дистанцираат од т.н. Паралелни други нелегални ИРУ организации кој во моментот се декларираат како такви, и јасно е дека се ставаат во функција на Интернационалната Ромска Унија – ИРУ чија регистрација е во Виена, Австрија , која е и со ЕСОСОЅ статус во Обединетите Нации и дека нејзин претседател е Зоран Димов , и дека е подржувач на имплементација на Демократската Транзиција чиј креатор и стратег е првиот ген.секретар на ИРУ , г-дин Гратан Пуксон од Лондон.
Инаку координацијата и етапите кон следните насоки ќе продолжат во континуитет и дека следаната Видео Конфренција е закажана за втората недела од месец Јануари 2020 година.