Долго, веќе и предолго на мапата на ромскиот активизам, забележливо е дека со години и децении исти ликови се на сцената на ромскиот активизам во интернационални размери. Таа „група„ на исти луѓе добро се „нафатирале„ на времето и воопшто не сакаат да го препуштат тој пиедестал на некои други.
Всушност користејќи ги средствата кои им беа дадени од страна на донаторите и фондациите,за имплементација на огромен број на проекти во име на Ромите, самите тие си направиле свое „сигурно гнездо„ за егзистенција и воедно преку проекти да ја прошират својата мрежа буквално пуштајќи метастази на повеќе нивоа.
Тоа подразбира дека тие т.н. Ромски активисти и цицачи на „средствата наменети за Ромите„ си направија свој „Бастион„ на лични и блиски параван фондови и подорганизации за да можат тие средства од фондациите да ги канализираат повоторно кај нив самите во тие „подорганизации„ и да ја прошират својата империја уште повеќе!
Тие направија таква стратегија што буквално во сите сегменти на живеењето ки има. И во образование и во здравство, домување, вработување, култура, спорт и сл. Буквално пипките ги пуштија на сите страни и сега сакаат да се наметнуваат и во креирање на националната и интернационалната политика на Ромите.
Во буквална смисла на зборот тие се – СЕКАДЕ!
Се поставува прашањето дали странските донори и фондации го забележуваат тоа дека всушност средствата ги даваат на едни те исти луѓе?
Наместо тие средства да бидат распоредени на повеќе фронта според потребите и приоритетите и воедно на релевантни ромски субјекти , тие средства им се даваат токму на една те иста Ромска НВО Династија, која потоа ги прераспоредува според своите желби, критериуми и потреби. Но распоредени овторно кај нив во нивните „сестрински„ организации.
Дали ЕУ и другите фондации се запрашале за што служат останатите ромски организации од типот на ЕРТФ кој е дел од Советот на Европа. Зашто служи ИРУ кој е дел и од ОБединетите Нации , и ЕРТФ. ИРЕМ, ЕРИО, Пхењалипе , НРЦ, Ромските национални партии од државите од кај потекнуваат.
Зошто не се побараат експертиза и нивно мислење и до овие организации? Дали ЕУ и фондациите се на мислење дека во овие организации нема капацитет, профил на добри стручни лица и аналитичари?
Или пак тој „Ромски НВО Бастион„ не сака по ниту една цена овие ромски организации да излезат на површина. Распоредувајќи ги средствата помеѓу себе така тие остануваат „најбитниот фактор„ во очите на ЕУ и фондациите. Но за се има крај. Еден ден кога ќе „пукне „ тиквата ќе излезат на површина сите фекалии од таквото нивно работење. А според времето и начинот на работа тоа време доаѓа.
Блиску е времето на едно интернационално – „Goodbye„ на таа самопрогласена Ромска НВО Династија. Па и време е!