Групата „КАЛ„ на свирка во „Лабораториум„ во Скопје, влезот е бесплатен.

Петок, 10 Мај 2024
Групата „КАЛ„ на свирка во „Лабораториум„ во Скопје, влезот е бесплатен.

Во рамки на регионалната турнеја „Во ритамот на Пиштаљка“ создадена како дел од проектот „Распеани херои: Од маргините до главната сцена“, со поддршка на Британскиот совет на 11 мај 2024 година – Сабота со почеток од 19 часот во „Лабораториум„ во Скопје локација (Saint Blvd. Clement of Ohrid 68, Skopje, Republic of Macedonia) ќе настапи со свирка групата “Кал”. Влезт е бесплатен. На свирката ќе и претходи и Панел дискусија поврзан со ромската популација и култура поддржан од British Council. Проектот „Распеани херои: Од маргините до главната сцена“ се реализира во рамки на проектот „Култура и креативност за Западен Балкан“ финансиран од Европската Унија. Целта на овој проект е да се подобри дијалогот во Западен Балкан преку зајакнување на културниот и креативниот сектор и развивање на неговиот потенцијал за социо-економско влијание во овој регион. Според распредот по дискусијата во Лаб Кафе ќе се организира жива свирка на групата “Кал”.

Македонските граѓани од 1. јуни полесно до работа во Германија

Четврток, 09 Мај 2024
Македонските граѓани од 1. јуни полесно до работа во Германија

Граѓаните на Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија ќе уживаат привилегиран пристап до пазарот на трудот во Германија од 1 јуни 2024 година, според Регулативата за Западен Балкан. Тоа е затоа што Германија одлучи да го удвои бројот на визи што ќе им се доделуваат на државјаните на овие шест земји за работни цели годишно на 50.000, пишува SchengenVisaInfo. Од јуни 2024 година, годишната квота ќе се зголеми на 50.000 издадени одобренија од Федералната агенција за труд на Германија. Новите правила ќе бидат споделени во догледно време, а дотогаш сите термини ќе продолжат да се доделуваат преку системот на лотарија. Германските амбасади во овие шест земји од Западен Балкан воспоставија систем за месечно извлекување на лотарија кој по случаен избор избира поединци на кои ќе им биде дозволено да закажат термин за да ги поднесат своите барања за виза. Следната регистрација за термин за работна...

Ден на Европа – прослава на европскиот мир и безбедност

Четврток, 09 Мај 2024
Ден на Европа – прослава на европскиот мир и безбедност

На 9 мај секоја година земјите-членки на ЕУ го слават Денот на Европа. На годишнината од потпишувањето на Шумановата декларација во 1950 година, ова е ден за размислување за соработката, просперитетот и мирот што настана преку европскиот проект. Датумот, 9 мај, е комеморација на историската декларација на францускиот министер за надворешни работи Роберт Шуман во 1950 година за основањето на Европската заедница за јаглен и челик, која подоцна стана Европска Унија. Од 1985 година, овој ден се одбележува со прослави и свечености низ цела Европа. Во 1952 година во чест на Шуман и „Шумановата декларација“, 9 мај беше прогласен за Ден на Европа, кој се чествува секој година како ден кога се слават мирот и единството во Европа, а истовремено беше промовирано и денешното знаме на ЕУ како Знаме на Европа. Знамето се одликува со круг од 12 златни ѕвезди на сина позадина. Тие се залагаат за идеалите за единство,...

Šutka NEWS

Македонските граѓани од 1. јуни полесно до работа...

Македонските граѓани од 1. јуни полесно до работа во Германија

Граѓаните на Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија ќе уживаат привилегиран пристап до пазарот на трудот во Гер...

Избори 2024 - Р.Северна Македонија: Крах за СДСМ,...

Избори 2024 - Р.Северна Македонија: Крах за СДСМ, дали пирова победа за ДУИ, а Ромите повторно без свој народен пратеник?

Во Македонија ќе се случат коренити политички промени откако коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ му нанесе тежок пораз на СДСМ на вчерашните парламен...

Традиција кај старите Роми: 2 мај - Денот на најуб...

Традиција кај старите Роми: 2 мај - Денот на најубавите јагниња во Шуто Оризари.

На својот ФБ профил Даниел Петровски - Магистер по Етнологија и антропологија напиша „Неколку ромски семејства, традиционално ги презентираа своите ја...

ФБ анализа на Силхан Саитов: „КОЛКУ "ТЕЖЕА&qu...

ФБ анализа на Силхан Саитов: „КОЛКУ "ТЕЖЕА" ПОЛИТИЧКИТЕ ПАРТИИ ВО ОПШТИНА ШУТО ОРИЗАРИ НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ 2024 - ПРВ КРУГ?

Унијата на Ромите на вчерашните претседателски избори – прв круг, произволно освои најмалку 1200 гласа ОО СДСМ – Шуто Оризари на вчерашните претседат...

Д-р Џемиле Берат: Крива Паланка дала најмногу факу...

Д-р Џемиле Берат: Крива Паланка дала најмногу факултетски образовани Роми во Македонија

Д-р Џемиле Берат, првата лекарка Ромка во Македонија, психијатар во пензија ја промовираше својата автобиографска книга „Мојот сон“ во родниот град „И...

После две години премиерски мандат во рок од некол...

После две години премиерски мандат во рок од неколку дена Премиерот Ковачевски повторно меѓу Ромите, но овој пат со својата ќерка гостин на Ромскиот бал во Скопје

После 2 години мандат како премиер, Претседателот на Владата Димитар Ковачевски кој пред тоа никогаш не дошол на посета меѓу Ромите во рок од неколку...

Магистерот по Правни науки Жељко Шаин иницира „Мисијата Контакт поинт„ Омбдусман за ранливи групи - Роми

За време на Парламентарната сесија на ИРУ која се одржа во Скопје на 28 и 29 Јуни, во делот на „Публик Хиринг„ пред присутните, членот на ИРУ Жељко Шајн кој е и магистар по правни науки, нотираше Иницијатива за формирање преку „Контакт поинт„ Омбдусман за ранливите групи пред се за Ромите. Тој во својата иницијатива меѓудругото наведува:
„ Доколку се насочиме на институционалните информации од разни меѓународни институции, како извршни така и законодавните не ни најмалку завидна сликата: повреда на човековите права и дискриминацијата ја има во голема мера.

За да се постигне посакуваната цел: изедначување на степенот на уживање на правата на припадниците на Ромското малцинство сметаме дека неопходно е да се спроведат реформи во институционален оквир и на вертикално и хоризонтално ниво на почитување на тие права помеѓу важнбите политички субјекти и Интернационалната Ромска Унија -ИРУ, кој е дел и од ОН, и ги преставува Ромите на сите нивоа и има соработка со ЕУ и други важни меѓународни институции.

Задачата која е пред нас е всушност како сега постоечкиот Омбдусман на локално, национално и европско ниво да биде уште поефикасен. Решението е воспоставување експерсткото тело „Контакт Поинт„ Омбдусман за ромски прашања„

Овој механизам ќе служи повеќе како советодавно тело на европскиот, националниот и локалниот омбдусман, ќе го убрза интегративниот процес ви општеството , а со тоа и овие проблеми , како пример на Балканот не би преставувале кочница во евроинтегративниот процес на земјите кои бараат членство во ЕУ.
Ако имаме во вид дека омбдусманот со својата работа ќе придонесе развој на почитувањето, слободата и правата на граѓанинот , потоа воспоставување на „Мисијата Контакт поинт„ е вистински одговор на мнгу нерешени прашања со кои денес се занимаваме.

Во консултација со врвни есперти од правосудскиот систем како што се Меленк Креч, судија по меѓународоно право, со академикот во МАНУ Владо камбовски, и други,сите тие се повикуваат на меѓународната конвеција за заштита на малцинствата усвоена од страна на Советот на Европа , сметаат дека ова би било убав момент како за ромската заедница, така воопшто и за општеството.

Нормално дека ќе треба сериозна работа која ќе одговори на многу прашања за воспоставување на овој механизам.„
На самиот крај Шајн го цитираше и Нехру кој во 1961 година во Белград, за време на Конференцијата на неврзаните земји и при посетата на ромската населба Маринкова бара, Тито му рекол дека таму живеат Роми на што Нехру му одговорил: „
„Сонцето има безброј имиња, но тој свети и грее подеднакво за сите„

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 90 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот