За време на Парламентарната сесија на ИРУ која се одржа во Скопје на 28 и 29 Јуни, во делот на „Публик Хиринг„ пред присутните, членот на ИРУ Жељко Шајн кој е и магистар по правни науки, нотираше Иницијатива за формирање преку „Контакт поинт„ Омбдусман за ранливите групи пред се за Ромите. Тој во својата иницијатива меѓудругото наведува:
„ Доколку се насочиме на институционалните информации од разни меѓународни институции, како извршни така и законодавните не ни најмалку завидна сликата: повреда на човековите права и дискриминацијата ја има во голема мера.
За да се постигне посакуваната цел: изедначување на степенот на уживање на правата на припадниците на Ромското малцинство сметаме дека неопходно е да се спроведат реформи во институционален оквир и на вертикално и хоризонтално ниво на почитување на тие права помеѓу важнбите политички субјекти и Интернационалната Ромска Унија -ИРУ, кој е дел и од ОН, и ги преставува Ромите на сите нивоа и има соработка со ЕУ и други важни меѓународни институции.
Задачата која е пред нас е всушност како сега постоечкиот Омбдусман на локално, национално и европско ниво да биде уште поефикасен. Решението е воспоставување експерсткото тело „Контакт Поинт„ Омбдусман за ромски прашања„
Овој механизам ќе служи повеќе како советодавно тело на европскиот, националниот и локалниот омбдусман, ќе го убрза интегративниот процес ви општеството , а со тоа и овие проблеми , како пример на Балканот не би преставувале кочница во евроинтегративниот процес на земјите кои бараат членство во ЕУ.
Ако имаме во вид дека омбдусманот со својата работа ќе придонесе развој на почитувањето, слободата и правата на граѓанинот , потоа воспоставување на „Мисијата Контакт поинт„ е вистински одговор на мнгу нерешени прашања со кои денес се занимаваме.
Во консултација со врвни есперти од правосудскиот систем како што се Меленк Креч, судија по меѓународоно право, со академикот во МАНУ Владо камбовски, и други,сите тие се повикуваат на меѓународната конвеција за заштита на малцинствата усвоена од страна на Советот на Европа , сметаат дека ова би било убав момент како за ромската заедница, така воопшто и за општеството.
Нормално дека ќе треба сериозна работа која ќе одговори на многу прашања за воспоставување на овој механизам.„
На самиот крај Шајн го цитираше и Нехру кој во 1961 година во Белград, за време на Конференцијата на неврзаните земји и при посетата на ромската населба Маринкова бара, Тито му рекол дека таму живеат Роми на што Нехру му одговорил: „
„Сонцето има безброј имиња, но тој свети и грее подеднакво за сите„