Почитувани
Денес кога ја одбележуваме 48 годишнината од воспоставување на темелите на Ромскиот идентитет, каде на 8 Април 1971 година во Лондон - Велика Британија се одржа Првиот Светски Ромски Конгрес, и воедно се донесоа одлуки на кој сите ние заедно сме горди дека постоиме како Роми, дека е официјализирано нашето ромско знаме и дека имаме наша химна „Џелем, Џелем„. Но истовремено и денес и по 48 години сеуште сме една од најранливите заедници во светот, а тоа е - Ромската заедница!
Сите ние сме сведоци на се поголемиот замав на Анти ромското расположение, и големата нетрпеливост кон оваа заедница. Затоа е потребно ние Интернационалната Ромска Унија -ИРУ како најстара и најголема организација која ја застапува оваа националност , да посочиме неколку важни елементи за елиминирање и запирање на овој негативен тренд
Потсетуваме дека Европа и светот низ својата историја биле и сеуште се сведоци на порастот на расизмот, ксенофобијата и нетолеранцијата како и кршење на основните човекови права токму кон Ромската заедница.
Затоа ние како ИРУ сакаме да препорачаме неколку препораки до Обединетите Нации и европските институции и нејзините членки.
Тоа подразбира искажување на јасна политичка волја за решавање на овие проблеми како и директна партиципација и на релевантниот ромски фактор, како што е Невладиниот ромски сектор, вклучувајќи ја тука и Интернационалната Ромска Унија -ИРУ
Проблемите кој се актуелни и видливи ги има од сите полиња (социјала, економија, здравство, домување, медиуми, вработување, религија. култура, традиција и др )
Затоа потребна е поголема меѓусебна доверба и соработка помеѓу Ромската заедница и институциите на системот без разлика дали се работи на интернационално, национално или пак на локално ниво.
Потребна е заедничка координација и реализација на сите квалитетни стратегии, резолуции, програми и планови без поголеми одлагања и скратувања. Тоа подразбира исто и одвојување на средства за нивна реализација и воедно на тој план директно вклучување и на ромскиот фактор , како и воедно поголем мониторинг врз реализација на тие активности и поголема отчетност за спроведеното и понесување на одговорност за неспроведените програми.
Секое нивно пролонгирање, игнорирање и селектирање доведовуаат до ситуации кои се случувале и во минатото и во сегашноста чии сведоци сме сите ние (во последно време добро познати ни се таквите случувања во некој од европските држави како што се Италија,Франција, Бугарија, Украина, Унгарија, Словачка, и др)
Потребно е исто така превземање на мерки за охрабрување на Ромската заедница да ги пријавува таквите случаи, и формирање на тела за следење и спроведување на мерки
Затоа чувствуваме потреба ние како ИРУ токму да ја искажеме нашата определба кон решавање на овие проблеми.
Инаку ИРУ токму за ваквите состојби превзеде акции и има подготвено Резолуција на ИРУ, Оперативна Стратешка Програма на ИРУ, и кој се веќе поднесени до ОН и ЕУ, и се очекува нивно реализирање.
Да напоменеме дека ИРУ пред две години даде идеа за отварање на Канцеларија за Народен Ромски Омбудсман и заедно со ЕРТФ -European Roma and Travellers Forum со седиште во Стразбур, кои имаат заедничка соработка и членство во Советот на Европа, на својот последен одржан состанок во Хелсинки,Финска од 25 -27 Март 2019 година се договорија и поднесоа заедничка иницијатива за спроведување токму на таа идеја за отварање на Канцеларија за Народен Ромски Омбудсман со седиште во Стразбур , чија задача ќе биде следење и помагање на Ромската заедница во решавање на ромските прашања.
И на самиот крај со фактот дека се наближува периодот на Избор на Пратеници во Европскиот Парламент , ИРУ упатува јавна подршка и апел до сите идни кандидати за Европски пратеници, дека несебично ќе ги подржува, ќе ги мотивира и охрабрува сите кандидати кои во своите програми и агенди на делување ќе ги имаат за спроведување и реализација токму на овие битни точки , а то значи борба против расизмот, ксенофобијата, нетолеранцијата и дискриминацијата. Тука ИРУ ќе стои со сиот свој капацитет, кредибилитет и сето свое членство за безрезервна подршка при нивниот избор, и истовремено ќе стои на располагање во понатамошна реализација на сите заеднички зацртани планови и актовности.
Со почит
Зоран Димов
Претседател на Интернационалната Ромска Унија -ИРУ