Зоран Димов Претседателот на ИРУ реагира: Полицискиата акција против Ромите во срцето на Европа - Белгија е без преседан!

Големата полициска акција во која учествуваа околу 1.200 полицијски службеници, а која се спроведе во утринските часови на 7 Мај 2019 година на 19 локации низ Белгија беше насочена кон Ромската заедница (Патувачи).

Обвинението за која се спроведе оваа акција е поради трговија со нелегално добиени возила.

ИРУ високо ја почитува работата на полицијата и справување со криминалците во белгиското општество, затоа што е потребно сите да се еднакви пред белгијскиот правен систем.

Но она што загрижува е начинот кој е спроведен при акцијата на овие масовни апсења. Полициската акција беше спроведена во над 200 акции, уапсени околу 80 Роми, и запленет и конфиксуван имот, предмети и каравани.

Истовремено при апсењата најголемиот дел од Ромите всушност беа веднаш потоа ослободени без да бидат испрашани, но нивниот имот и одземените предмет не им се вратени, така што сега има голем број на припадници на оваа заедница оставени под отворено небо без да им се најде адекватна замена за сместување.
Тоа значи дека апсење на невини луѓе без доказ или факт за направен криминал е неприфатливо во правниот систем.

Таков начин на реакција го буди црното минато од времето на масовни апсења и депортација по конц логорите за време на Холокаустот.

Уште повеќе загрижува фактот дека сето ова се случува пред очите и центарот на Европа во Белгија! Европа молчи, замижува и не реагира!

Дали со оваа форма на апсења Ромите се „жртвено јагне„ се во име на престојните Избори во Европскиот Парламент за да се подигне рејтингот и кампања за сите оние кандидати за пратенички места а се десно ориентирани и се познати по нивната анти ромска реторика.

Затоа и ИРУ нема да молчи и ќе реагира правовремено до сите европски и други меѓународни институции.

Истовремено ИРУ ги повикува белгијските надлежни органи при министерството за внатрешни работи да ги спроведе потребните активности и да им ги врати на Ромите Патници назад нивните каравани, нивните единствени домови.

Се бара запирање на апсењето на целата заедница за направените криминали на одредени поединци. Ги повикуваме организациите за човекови права да нѐ поддржат во изнаоѓањето начин да ја решиме оваа сложена состојба и да се направи конструктивен дијалог со белгиските и меѓународните власти.
Истовремено ИРУ апелира и до локалните или пак други ромски организации да не се обидуваат да ја манипулираат Ромите и јавноста да изиграваат спасители само во име на некој личен интерес и профит, врз грбот на овие несреќни Роми.

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 132 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот