Делгацијата на ИРУ предводена од претседателот Зоран Димов и потпреседеталот Анатолиј Бутаков, за време на својата посета во Женева покрај другите активности остварија средба - состанок и со високите членови на Светскиот Совет на Црквите - WCC.
Подготвеноста за соработка помеѓу ИРУ и WCC, за време на состанокот беше искажана и од двете страни. Тоа беше потенцирано и за време на состанокот со Генералниот секретар на WCC , Др Олав Фиксе Твајт како и директорот на Комисијата на Светската Мисија и Евангелизмот Ристо Јуко.
И двете страни напоменаа дека само со акција за обединување, ќе се направи голем чекор напред во религијскиот ред и попредок.
Акцентот беше ставен и во односите и улогата на пасторите - поглварите кои ќе посветат поголемо внимание за религијска едукација, култура и традиција помеѓу ромското население, без разлика на возраста, полот и социјалната положба, во изучување и имплементација на божјите пораки кои стојат во Божјите книги.
Затао и во таа насока ќе се инцираат повеќе средби, состаноци и собири токму со пасторите за кој доколку е потребно и организирање на обуки и работлници во врска со реализација на тие планови.
Задоволството за соработка беше изразена и на самиот крај од средбата како и подготвеноста за понатамошна комуникација како и реализација на постигнатите договори.