Интернационалната Организација за Миграција - ИОМ е целосно подготвена за заедничка соработка и реализација на активности со Интернационалната Ромска Унија ИРУ.
Ова е заклучок од средбата во Женева во офисот на ИОМ помеѓу Шефот на офисот за соработка со партнерски организации Николета Џиордано и преставниците од ИРУ, претседателот Зоран Димов и подпреседателот Анатолиј Бутаков.
За време на нивната средба беа потенцирани потребите за заедничка акција, од полето на миграцијата. Познат е фактот еод се поголемото антиромско расположение кое е доста застапено во интернациопнални рамки, и како релевантни фактори и ИОМ и ИРУ се тука заедно да го намалт тоа ниво на нетрпение и нетолеранција, како и да им се помогне на една од најранливите заедници во светот, меѓу нив и Ромската заедница
Заклучок е дека ќе се продолжат контактите и да се продлабочи соработката како и реализација на подготвени проекти и имплементација на самите тие, со јасна дефинирана цел, беа заклучоците од овој состанок помеѓу Николета Џиордано и преставниците на ИРУ Зоран Димов и Анатолиј Бутаков.
Nikoleta Djiordano - Sefa na ofisot za sorabotka so partenrski organizacii