Претседателот на ИРУ Зоран Димов, во работна посета на Финска од 20 до 24 ноември

Вторник, 19 Ноември 2024
Претседателот на ИРУ Зоран Димов, во работна посета на Финска од 20 до 24 ноември

По покана од Финскиот ИРУ тим Марја Еронен, Хенри Хедман, Кимо Гранквист, Тула Акерлунд и Анет Акерлунд, претседателот на ИРУ Зоран Димов ќе има повеледневна работна средба со преставници од државните институции во Финска и че се разговара за состојбата и предизвиците со кои се соочува Ромската заедница во оваа скандинавска земја. За време на престојот на Димов од 20 до 24 ноември, ќе биде присутен на овеќе средби како и организирани конференции од областа на социјалата и социјалната правда, образованието и културата,, како и средба со Ромски организации и здруженија, како и со преставници од црковните одбори. Меѓудругото тој ќе има и свој говор и дискусија за време на одржување на еден многу важен семинар на тема „За намалување на дискриминацијата врз Ромите„ кој ќе се одржи во Универзитетот во Хелсинки, Мора да се напомене дека за време на престојот исто така ќе биде прикажан премиерно за финската публика...

Колумна на Надир Реџепи: Критички осврт на дијалогот помеѓу владата и граѓанскиот сектор во Македонија

Вторник, 19 Ноември 2024
Колумна на Надир Реџепи: Критички осврт на дијалогот помеѓу владата и граѓанскиот сектор во Македонија

Минатиот петок, 15ти ноември, коалиционата влада на ВМРО и ВЛЕН имаа прв јавен дијалог со граѓанскиот сектор на Македонија. Под покровителство на Цивика Мобилитас програмата, финансирана од Швајцарската конфедерација, МЦМС и владиниот кабинет ги поканија заинтересираните актери со агенда за воспоставување заедничка визија за идната соработка. Претпоставката е дека институциите, владата и граѓанските организации имаат заедничка цел - подобар животен стандард и развој на општеството. Под велот на соработката и заедничката одговорност, целта на овој дијалог е да се пренесат добрите пракси од Цивика Мобилитас програмата за поддршка на граѓанските организации и постепено превземат од страна на државата. Прв настапи премиерот Мицкоски кој потсети дека е пожелно да има отвореност, транспарентност и соработка но поважното прашање е која ќе биде додадената вредност од соработката. Според него двете страни треба да се обидат да постигнат договор за приоритетите и целта која сакаат да се постигне. Зошто поделбата не води кон прогрес...

Граѓаните од Ш.Оризари во петок на протест кај градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска. Ќе бараат редовен јавен превоз

Вторник, 19 Ноември 2024
Граѓаните од Ш.Оризари во петок на протест  кај градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска. Ќе бараат редовен јавен превоз

Градоначалникот на општина Шуто Оризари, Курто Дудуш, за во петок (22 ноември) најави протест пред зградата на Град Скопје од 13.30 часот. Причина за протестот е влошената состојба со јавниот превоз, кој предизвикува огромни проблеми на граѓаните. – Секојдневно се соочуваме со истиот проблем – луѓето чекаат со часови на автобуските станици. Не можеме да дозволиме нашите деца, жени и старци да трпат на овие минусни температури, по два до три часа чекајќи автобус, кој можеби ќе дојде, а можеби и не – изјави Дудуш во видео обраќање на неговиот профил на Фејсбук. Тој додаде дека протестот ќе биде мирен и ги повика сите граѓани, без разлика на етничката припадност, да се приклучат, бидејќи проблемот со јавниот превоз го засега целиот град. – Ова не е проблем само на Шуто Оризари. Ова е проблем кој ги засега сите граѓани на Скопје – потенцираше Дудуш. Градоначалникот изрази надеж дека протестот ќе...

Šutka NEWS

Граѓаните од Ш.Оризари во петок на протест кај гра...

Граѓаните од Ш.Оризари во петок на протест  кај градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска. Ќе бараат редовен јавен превоз

Градоначалникот на општина Шуто Оризари, Курто Дудуш, за во петок (22 ноември) најави протест пред зградата на Град Скопје од 13.30 часот. Причина за...

Фрлил бомба кашикара, пред канцеларијата на ПЦЕР в...

Фрлил бомба кашикара, пред канцеларијата на ПЦЕР во Тетово, и се вратил да види зошто не експлодирала

Рано изутринава, пред Клубот на Партијата за целосна еманципација на Ромите, кој се наоѓа во кафуле во Тетово, била фрлена рачна бомба која за среќа н...

Овој викенд на полноќ помеѓу сабота и недела – 13...

Овој викенд на полноќ помеѓу сабота и недела – 13 октомври на ТВ Телма, шпанскиот филм за двајцата браќа Роми  - „Помеѓу две води„

Исра и Чеито се двајца браќа Роми. Исра е затворен поради трговија со дрога, а Чеито е е во морнарицата. Кога Исра е ослободен од затвор и Чеито заврш...

Зам.министерот за локална самоуправа Ерџан Селими...

Зам.министерот за локална самоуправа Ерџан Селими на завршен настан во Ниш, по повод “Европската недела на можности”

Денес во Ниш , Република Србија, по повод “Европската недела на можности”, заменик министер за локална самоуправа Ерџан Селими имаше , обраќање на зав...

Ромската заедница во Македонија доби уште еден адв...

Ромската заедница во Македонија доби уште еден адвокат – Емран Исмаил

Денеска адвокатската фела во Македонија е побогата за уште еден адвокат. Денеска во адвокатската Комора на Македонија, свечена заклетва даде и Емран И...

Првата и единствена ромска општина Шуто Оризари го...

Првата и единствена ромска општина Шуто Оризари го слави својот 28 роденден

Шуто Оризари почна да се развива по катастрофалниот земјотрес од 1963 г. По обновата на Скопје и неговата околина на местото на денешниот населбата за...

ИРУ и во Европскиот Парламент и во Обединетите Нации ќе ги презентира својата Стратешка резолуција и разработениот програм „Локал Акт -Глобал импакт„

Оваа година ИРУ ја започнува мошне успешно. За тоа потврда стигна и од Европскиот Парламент во Брисел како и од Обединетите Нации во Њујорк. Претходно тимот на ИРУ подготви Стартешка Резолуција како и разработен програм под името „Локален Акт -Глобален импакт„ кој ги испрати до сите релевантни меѓународни институции на разгледување за покана на нејзина презентации.
Тоа вроди со плод откако о Канцеларита на Претседателот на Европскиот Парламент Антонио Тајани и потпреседателот Ливија Јарока стигна покана до Претседателот на ИРУ Зоран Димов, за негово учество на следниот состанок на ЕП кој ќе се одржи на 30 Јануари во Брисел, каде исто така ќе има и свечена церемонија за одбележување на Меѓународниот ден на Холокаустот. Истата покана се подготвува и од странана ОН, каде ИРУ има свој ЕЅОСОС статус, и за време на одбележување на Меѓународниот ден на Ромите -8-ми Април, да ја презентира и Стратешката резолуција и разработениот програм „Локален акт -глобален импакт„.

Инаку Стратешката резолуција на ИРУ во кратки црти го содржи следното:
Ние како претставници на Ромите се залагаме да го заштитиме ромското население и нашите идни генерации од сите негативни појави во минатото, во сегашноста и во иднина, во сите форми на дискриминација, говор на омраза, сегрегација, нетолеранција, насилство, геноцид , антиромско расположение и истовремено длабоко веруваме во почитување на човековите фундаментални права, еднаквоста меѓу сите родови, создавање на поволна клима за почитување на правата, почитување на основните демократски принципи на слобода и животниот стандард, како и елиминирање на сите неправилности, во соработка со меѓународните институции кои се обврзани за тоа.
Јас како претседател на Меѓународната унија на Ромите верувам дека не можеме да размислиме за иднината без да се вратиме во нашата историја и да ги признаеме нејзините вредности заедно со земјите каде што живеат Ромите и им помагаат со социо-економската политика и култура на Ромите.

Инаку во „Локал Акт -Глобал импакт„ има содржани важни точки како што се. Правниот, социоекономскиот, образовниот и културниот статус на Ромите во Европа за поголемо вклучување.

Правна цел: Подобрување на пристапот на ромските индивидуи на правна, социолошка и психолошка помош за подобрување на инклузијата во системот;
Социо -економска цел: Зголемување на стапката на вработеност на Ромите и поттикнување на вклучување на ромски претпријатија во сопственост и работење во системот;
Образовна цел: Заштита на ромскиот јазик, намалување на стапката на неписменост на Ромите и овозможување на образованието за возрасни за да се поттикне вработувањето;
Културна цел: Промовирање и заштита на ромската култура, традиција и обичаи како средство за одржување на ромскиот идентитет, овозможување на иден просперитет и искоренување на постојните стереотипи и предрасуди за постигнување на поголемо вклучување.

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 517 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот