ИРУ со Протестна Нота

Почитувани,

Интернационалната Ромска Унија -ИРУ , како прва и најголема Ромска организација во светот која ја преставуваат над 60 членови и делегати од 50 држави од сите континенти, длабоко е загрижена и посветено ги следи последните настани во врска со состојбата на Ромите од селото Војводиново - Пловдив, Р.Бугарија и рушењето на нивните куќи.

Воедно повеќе загрижува и фактот и реториката која се употребува за овој случај од страна на високи државни функционери во Владата на Р.Бугарија (на пр. Министерот за одбрана г-дин Каракачанов), кој е со својот говор на омраза насочен кон Ромите од оваа држава, само го поттикнува уште повеќе екстремниот набој кон овоаа популација.
Свесни сме сите дека потребно е да се почитуваат законските регулативи и почитување на самите закони, но потребно е да се има во предвид и оној битен хуман човечки аспект. Во периодот кога временските услови не го дозволуваат тоа, а се превземаат акции да се остават буквално на улица жени, деца, стари и изнемоштени лица доволен е показател, дека навистина не е таа политика за која се залага една држава која е дел од европското семејство и се бори против сите форми на дискриминација, сегрегација, нетолеранција и други активности со кои се повредуваат основните човекови права.
Повеќе ова личи на форма каде од една група, партија, лидер или симпатизери на една политичка опција остварување на свои предизборни ветувања и добивање на политички поени отколку некоја државна стратегија.

Овој вид на нетолеранција само ги перцепира некои случувања кои не враќаат наназад неколку децении од минатиот век

За се постојат форми и начин на разрешување на евентуални проблеми, за кои веруваме дека Бугарија има демократски инструменти за нивно разрешување. Тоа може да се стори и преку разни донесени државни стратегии за решавање на проблемите како што се домување, вработување, образование и социјална инклузија.

Тука се верувам и многубројните граѓански организации кои за решавање на овие проблеми можат заедно со државата да изнајдат безболни и поволни решенија.

Затоа ИРУ апелира до сите релевантни меѓународни организации и институции како што се: Европската Унија, Советото на Европа, Европскиот Паралмент, ОН, ОБСЕ, ОДИХИР, Хелсиншкиот Комитет и други да превземат акции и да реагираат против овој вид на дискриминација и нетолеранција, и веднаш да наложат негово ефикасно елиминирање на вакви појави.
Истовремено ИРУ која има своја План и програма, донесена резолуција и слични документи стои на располагање со сите погоре наведени институции да соработува во изнаоѓање на оптимални решенија, се во духот на почитување на фундаменталните човекови права, Истовремено ИРУ може заедно и со Бугарските државни органи да работи во изнаоѓање на оптимални решенија кои ќе бидат од корист за сите засегнати страни.

Уште еднаш ние како ИРУ апелираме до сите меѓународни институции и организации да превземат чекори и акции за елиминација на овој вид недемократски акции.

Со почит
Зоран Димов
Претседател на ИРУ

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 528 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот