Социјала

Сторија од Ниш која крши срце: Малата Зејна (10) секој ден ја татко и ја седнува на школската клупа

Малата Зејна Асановиќ е ученик од четврто одделение во ОУ „Радоје Домановиќ„  во Ниш. Таа од своите врсници се разликува по тоа што боледува од атрофија на долните екстремитети. Зејна не е во состојба да се движи а до пред две години немаше ниту инвалидска количка. Нејзиниот храбар татко на раце ја носеше малата Зејна на училиште. Ќе ја донесеше, ќе ја оставеше на клупата, а потоа ќе дојдеше и ќе ја земеше.

Никогаш не можеше да игра со своите другарчиња, да ооди на ужинка. По школското звоно, кога децата радосно се растрчуваа низ школскиот двор, Зејна и понатаму седеше сама.

Кога беше препознаен проблемот, таа добила лична асистентка , за којја вели дека и е сега најдобрата пријателка.

Одтогаш Зејна веќе излегува на голем одмор, и се навикна на количката која и беше донација од Федерацијата на ромските основци , средношколци и студенти - ФРОС.

 

Link: https://www.espreso.co.rs/vesti/drustvo/649305/mala-senja

Ниш, Србија: Никогаш повеќе ромски советници, но ромските проблеми сè уште нерешени

Голем број членови на оваа заедница претежно живеат во ромски населби, од кои пет во Ниш: Белград махала, Сточни трг, Јеврејско гробље, Црвена звезда, Булевар 12. февруари.

Ромската заедница во Ниш се соочува со многу проблеми:

-вработеност (околу 90% од ромското население е невработено),

-домување (ниту една ромска населба нема детален регулациски план),

- образование (сегрегирани основни училишта, предучилишно образование на деца Роми, статистиката покажа дека од вкупниот број деца во предучилишните установи, Ромите сочинуваат само пет до седум проценти),

- Социјални проблеми,

-здравствена грижа…

Се поставува прашањето - што прават советниците од ромската заедница кои се во градските и општинските парламенти за решавање на овие проблеми? Преку интервју со некои од нив можеме да заклучиме дека всушност тие не прават речиси ништо, бидејќи како што велат дел од нив се на листите на владејачката партија по своја заслуга, а не како припадници на ромската заедница. Има ли можеби одговор на прашањето зошто ништо не се менува во однос на решавањето на проблемите на ромската заедница? Зошто само невладиниот сектор го иницира донесувањето на ЛАП, изработката на детални регулациски планови во ромските населби, како и многу други важни прашања. Затоа, поголем број претставници на ромската заедница во локалните парламенти никогаш не донеле промени или подобрувања во оваа заедница.

 

Link: https://romaworld.rs/nikad-vise-romskih-odbornika-ali-problemi-roma-se-i-dalje-ne-resavaju/

3 Декември – Меѓународен ден на лицата со посебни потреби

3 декември се одбележува како Меѓународен ден на лицата со посебни потреби. Овој ден е посебно акцентиран на потребите и проблемите кои ги имаат и со кои се соочуваат лицата со посебни потреби. Но, како што велат многу здруженија, невладини организации, сојузи за лицата со хендикеп – не е доволно само еден ден да им се посвети внимание на овие лица и на нивните права за еднаквост со другите. Тоа треба да биде секој ден, да претставува дел од човечкото општество. Овие лица најмногу бараат еднаквост, самостојно живеење и функционирање во општеството.

Терминот посебни потреби може да означува многу разни состојби: од мали потешкотии во учењето, изразени интелектуални потешкотии, психијатриски нарушувања, хронични болести итн.

Според податоците на Светска здравствена организација(СЗО), повеќе од една милијарда луѓе во светот живеат со некој вид на хендикеп. Ова одговара на околу 15% од светската популација. 

2-ри Декември – Меѓународниот ден за укинување на ропството

Денес, 2 декември се одбележува Меѓународниот ден за укинување на ропството,  денот кога беше усвоена Конвенцијата на Обединетите Нации за сузбивање на трговијата со луѓе и  експлоатација на проституција од страна на други (резолуција 317 (IV) од 2 декември 1949 година), од страна на Генералното собрание на Обединетите Нации.

„Милиони луѓе во светот, вклучувајќи ги и децата се потчинети на ропство во модерното време и во голема мера недостасува политичка волја да им се помогне да излезат од таа истуација“ – наведуваат експертите на ОН, кој се занимаваат со модерните облици на ропство и трговија со луѓе и деца.
Најмалку 20.9 милиони луѓе се потчинети на модерните облици на ропство, а големи дел од нив се жени и девојчиња, стои во извештајот на ОН.
„Освен тоа, 168 милиони деца работат, а половината од нив имаат привремена работа. Така го загрозуваат своето здравје, главно работејќи во рудниците и каменоломите“ – се додава во извештајот.
На милиони деца во светот им е украдено детството, бидејќи се “жртви на сексуалната експлоатација и принудната работа“.

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 274 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот