Луник iX, градскиот округ во западниот дел од градот Кошице настанал во 1979 година откако бил разурнат тогашниот дел од градот во кој живееле Роми, а од тогаш бројот на жителите три пати се зголемил.
Тоа тажно предградие денес се нарекува „последното европско гето“ или „срамот на нацијата“. Очевидци пишуваат дека меѓу трошните згради лебди комбинација од мириси на свежо испрана облека и смрдеа од канализацијата. Постелнината тажно виси од балконите на зградите кои од 1970-тите години не се обновувани.
Од дотраените згради, без вода во чешмите, висат кабли со кој станарите нелегално се спојуваат на електричната енергија на уличното осветлување.
Луник, првично населен покрај депонија, денес се смета за една од најголемите заедници на Ромите во Словачка.
Здравствените стандарди во населбата се на најниско можно ниво, а болестите како хепатит, дијареја, шуга и менингитис се чести, додека невработеноста достигнала стапка од над 90 отсто.
Youtube