МТСП: На располагање 10,8 милиони евра, ги повикуваме општините да развиваат социјални услуги
Вкупно 10,8 милиони евра од Министерство за труд и социјална политика се ставени на располагање на општините во Република Северна Македонија за развој на социјални услуги на локално ниво за следните 5 години.
Министерството ги повикува општините да пројават интерес и да аплицираат за грантови наменети за непосредна социјална услуга, помош на индивидуа или семејство, домашна нега, лична асистенција, дневна нега, привремена грижа, мали групни домови, дневни центри и услуги за живеење со поддршка и други иновативни услуги во заедницата.
Повикот е веќе објавен во два дневни весника и на веб страницата на министерството за труд и социјална плитика www.mtsp.gov.mk (проект за подобрување на социјалните услуги), кадешто го има и формуларот за пројавување на интерес.
Крајниот рок за изразување на интерес за добивање на грантовите е 31 октомври годинава.