Селма Селман , босанскохерцеговска уметничка од светски глас која живее и твори во Њујорк , започна нов проект кој ќе помогне во школувањето на ромските девојчиња во БиХ. Таа во рамките на фондацијата „ Марш на училиште„ веќе трета година собира средства за ромските деца од Бихаќ со намера активностите да се прошират.
Проектот "Get The Heck To School/Марш на училиште" има за цел да го зголеми бројот на децата од оваа маргиналириана група во школските клупи, и како што истакнува Селма нејзина желба е тие15% моментално кои посетуваат настава да достигне бројка од 95%
Селма истакна три најголеми проблеми кои придонесоа за оваа состојба.
Мал процент на деца кој посетуваат училиште
Раните бракови кај ромските девојчиња , и дискриминација на ромските деца во општеството.