Министерството за здравство може да казнува за непримени вакцини, но не може да забрани упис во училиште
Според постојната законска регулатива, при запишување во прво одделение, родителот односно старателот е должен да достави потврда за примените вакцини за детето, издадена од надлежна здравствена установа.
Но, законот не содржи забрана за упис во училиште на децата кои не се вакцинирани.
Задолжителната имунизација е предвидена со законите од областа на здравството, во која се предвидени механизми и санкции доколку не се исполнат обврските за задолжителна имунизација.
И самото Министерството за образование, покрај правото на образование на детето, ќе го обезбеди и правото на безбедност и здравје при престој во училиштата, велат дека институциите се должни да обезбедат остварување на сите уставно загарантирани права, без тоа да биде на сметка на кое било друго право.
Ако тоа е неопходно, мора да се води сметка за штетата да биде најмала, односно забранувањето да не води кон целосна забрана за остварување на некое човеково право.
Обврска е на Министерството за здравство и здравствените институциите да ја спроведат имунизацијата и да обезбедат заштита на населението од заразни болести, на кои децата се изложени не само во училиштата, туку и во кино, на театар, во игротеките, во спортските клубови, при остварување на воннаставните активности.