Политика

РДС анализа: (Четврти дел) Претседателски избори 2019 - Ромските лидери за ромски гласови со силно УРА , а ефектот „тивка бура„ !

Претседателските избори финишираа победник е Стево Пендаровски! Но да направиме еден осврт од поинаков аспект во врска со ромските гласови например во најголемата и единствена ромска општина во државата - Ш.Оризари.
Таму по првиот круг на 21 април резултатите беа поразителни од аспект на излезеност, каде од вкупно 23.765 гласачи излезеноста беше 21.8% - 5181 гласови од кои 2369 за С.Пендаровски, 45.7% Силјановска 1774 или 34,2%, Б.Река 835 или 16.1%.
Факт е дека сите поважни ромски фактори во Шутка за време на предизборните кампањи беа многи „јаки„ на социјалните мрежи но на денот на гласањето ефектот беше многу поинаков!
Од тој аспект, и согледувајќи ги бројките, како да беше вклучен алармот за узбуна помеѓу партиите, и веќе по првиот круг очигледно дека вториот круг им беше „поправен„ да се покажат пред своите ментори од СДСМ и ВМРО ДПМНЕ.

И во вториот круг почнаа гласно со повици и мотивација надевајќи се на нивниот кредибилитет. Исто и вклучувајќи покрај СРМ, ПЦЕР, ОПЕР, градоначалникот од редовите на СДСМ, како и од другата страна како што се РОМ, ДСР, вклучувајќи ги тука за мотивација за излезност и од Аваја и други ромски НВО, се мислеше дека во вториот круг излезеноста ќе биде двојно поголема.
Значи буквално започнаа со силно УРА, но ефектот сепак не беше на потребно ниво! за разлика од првиот круг овој пат излезеноста беше малку повисока и тоа за околу 1700 гласачи повеќе или низ бројки од 23.765, гласале 6899 или излезеноста 29%.
Разликата во гласови беше во корист на Пендаровски за 1583 гласа!
Или во превод „Се тресеше гората се роди глувче„.
Поентата е следна: Ромските лидери гласни, ромските аналитичари (Аваја), мотивациски гласни , но ефектот беше - 7% поголема излезеност за разлика од првиот круг!
Да се запрашаме дали со овие резултат има место за презентирање за тоа колкава моќ и кредибилитет имаат овие фактори да делуваат врз ромскиот напатен народ?
Мора да е едно јасно за да се мотивира ромскиот народ потребно е прво да видат позитивни ефекто и направени дела, затоа што тие веќе „на жими мајка„ несакаат да веруваат! Гласни мотивациски говори и фрази од типот„ќе биде„, „ќе направиме„, „ќе оствариме„ и слично немаат веќе ефект! Со народот е потребно да се биде отворен, искрен и директен во сите 365 дена во годината, а не само во 20-тина дена за време на кампањи, а после: „Извини а кој беше ти?„

РДС анализата продолжува...

Ставот на текстот преставува личен став на РДС и е надвор од уредувачката политика на Веб порталот Рома Тајмс

И Македонците и Албанците си го фалат електоратот! Бидете јунаци и излезете самостојно на гласање без нас помалите заедници!

Завршија и претседателските избори исходот е познат, нов претседател е Стево Пендаровски! Вкупно гласале 844.365 гласачи или излезноста беше 46,70%, значи постигнат е цензусот.

Тој освои 436.212 гласови или 51,66% од гласовите додека Гордана Силјановска Давкова 377.713 или 44,73% додека 30.442 или 3,61% беа неважечки.

И веднаш се започнаа со калкулации кој е заслужен за тој постигнат резултат. Македонците се фалат со својот електорат а исто и Албанците со својот електорат дека без нив ќе немаше ниту победник ниту цензус! Сите некако ги заборавија „малите„заедници! Со акцент покрај српската, бошњачката, влашката и останатите тука е и Ромската заедница.

Излегува дека од излезените вкупно околу 850.000 гласачи како што тврди ДУИ нивни се нешто над 100.000 , тогаш рестото 750.000 се на останатите. Гледајќи ги дебатите помеѓу двете најголеми македонски партии СДСМ и ВМРО ДПМНЕ потпирајќи се на својот македонски електорат, но и според нивните капацитети и бројки не се повеќе од по 250 илјади гласови и од двете страни. Тоа значи дека и двете страни да излезат заедно ќе соберат нешто повеќе од пола милион гласови. Каде се останатите 200 и повеќе илјади гласови?

Дали се свесни Македонците и Албанците дека доколку ги немаат помалите заедници тие ќе немаат ниту цензус за некои избори!? Дали се свесни дека Ромите како заедница на избори им носат секогаш над 30-40 илјада гласови? Инаку кога би биле сите заедно тие гласови на еден куп би донесел повеќе од 4-5 ромски пратеници и неколку министерски места и високи позиции во јавни институции кое влече и поголемо вработување на ромската заедница!
А овака? Максимум двајца пратеници , едно „фигуративно„ незначајно министерско место и толку! И После ќе се „удираат во гради„ и Македонците и Албанците со својот електорат заборавјќи ги над 200 илјади гласови од помалите заедници кои и понатаму остануваат надвор од маргините без значајни позиции и неми посматрачи на дневната политика!
Ај бидете јунаци и излезете самостојно на гласање без нас помалите заедници да ве видиме и да се преброиме - ќе знаете навистина колку навистина вредите Македонци и Албанци!

 

Кој е Стево Пендаровски - Новиот претседател избран вчера

Стево Пендаровски на вториот круг од претседателските избори освои победа со 436.212 гласа или 51,66 отсто од гласовите на граѓаните кои излегоа на гласање, наспроти противкандидатот од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, Гордана Силјановска Давкова, која освои 377.713 гласови или 44,73 отсто од вкупниот број.

Стево Пендаровски е роден на 3 април 1963 во Скопје. Тој е дипломиран правник на Правниот факултет при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Магистрирал на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања (ИСППИ) при истиот универзитет на тема „Новата геополитика на Република Македонија: Контрадикциите на комунистичките и транзициони матрици“, а потоа докторирал на тема „Надворешната и безбедносна политика на ЕУ и малите држави: Рамката на националниот дискурс“.

Тој е професор по  меѓународната безбедност, глобализацијата, светската политика и САД, меѓународните организации и институции, надворешната политика и тероризмот, бил раководител на одделот аналитика во Министерството за внатрешни работи  и портпарол на МВР, а познат е и по тоа што бил главен советник за надворешна политика во кабинетите на претседателите Борис Трајковски и Бранко Црвенковски. Во 2004 и 2005 година е шеф на Државната изборната комисија.

Во 2014 тој беше кандидатот на СДСМ за претседател на државата, но на изборите загуби од Ѓорге Иванов со 398 илјади гласа.
Тој има сопруга и син.

Во недела на 5 мај втор круг од гласањето за претседател на Република Северна Македонија. Колку се богати кандидатите за Претседател на државата?

Во недела на 5 мај во државата ќе се одржи вториот криг на претседателските избори за функцијата шеф на државата. Тој ќе се избира помеѓу двајцата кандидати Гордана Силјановска- Давкова поддржана од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата и Стево Пендаровски подржана од СДСМ и коалицијата. Но исто интересно за грашаните е и прашањето колку се богати кандидатите за оваа функција? Со каков имот влегоа Силјановска и Пендаровски во претседателската трка и што ќе остави зад себе идниот претседател на државата, кога на 12 мај ќе се всели во претседателската палата на Водно. И двајцата кандидати имаат прилично скромен личен имот. Претседателскиот кандидат поддржан од СДСМ Стево Пендаровски живее во скопската населба Автокоманда, во стан од 62 метри квадратни. Народски кажано, тој е домазет, зашто станот е во сопственост на таткото на неговата сопруга и затоа не е наведен во анкетниот лист кај антикорупционерите. На име на Пенадаровски е запишано Југо од 1999 година и заштеда во банка од 12 илјади евра, што ги наследил. Неговата сопруга вози Рено Меган и има заштеда во банка од 3 илјади евра. Гордана Силјановска Давкова, пак, нема недвижен имот на нејзино име. Таа живее во центарот на Скопје, на улица Орце Николов во семејна куќа, сопственост на нејзиниот сопруг. Куќата е од 114 метри квадратни и прилично стара. Силјановска нема автомобил. Нема возачка дозвола, ниту пак сака да вози автомобил. Нејзиниот сопруг, пензиониран правник, има Хонда Шатл од 1996 година. Бидејќи Силјановска не е носител на јавна функција, нема обврска да го пријави имотот кај Антикорупциска. Затоа и немаме детален приказ на незините банкарски сметки. Но од нејзиното семејството велат дека немаат значителни заштети во банка. Но, од друга страна немаат ниту кредити или други долгови.

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 306 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата