И Македонците и Албанците си го фалат електоратот! Бидете јунаци и излезете самостојно на гласање без нас помалите заедници!

Завршија и претседателските избори исходот е познат, нов претседател е Стево Пендаровски! Вкупно гласале 844.365 гласачи или излезноста беше 46,70%, значи постигнат е цензусот.

Тој освои 436.212 гласови или 51,66% од гласовите додека Гордана Силјановска Давкова 377.713 или 44,73% додека 30.442 или 3,61% беа неважечки.

И веднаш се започнаа со калкулации кој е заслужен за тој постигнат резултат. Македонците се фалат со својот електорат а исто и Албанците со својот електорат дека без нив ќе немаше ниту победник ниту цензус! Сите некако ги заборавија „малите„заедници! Со акцент покрај српската, бошњачката, влашката и останатите тука е и Ромската заедница.

Излегува дека од излезените вкупно околу 850.000 гласачи како што тврди ДУИ нивни се нешто над 100.000 , тогаш рестото 750.000 се на останатите. Гледајќи ги дебатите помеѓу двете најголеми македонски партии СДСМ и ВМРО ДПМНЕ потпирајќи се на својот македонски електорат, но и според нивните капацитети и бројки не се повеќе од по 250 илјади гласови и од двете страни. Тоа значи дека и двете страни да излезат заедно ќе соберат нешто повеќе од пола милион гласови. Каде се останатите 200 и повеќе илјади гласови?

Дали се свесни Македонците и Албанците дека доколку ги немаат помалите заедници тие ќе немаат ниту цензус за некои избори!? Дали се свесни дека Ромите како заедница на избори им носат секогаш над 30-40 илјада гласови? Инаку кога би биле сите заедно тие гласови на еден куп би донесел повеќе од 4-5 ромски пратеници и неколку министерски места и високи позиции во јавни институции кое влече и поголемо вработување на ромската заедница!
А овака? Максимум двајца пратеници , едно „фигуративно„ незначајно министерско место и толку! И После ќе се „удираат во гради„ и Македонците и Албанците со својот електорат заборавјќи ги над 200 илјади гласови од помалите заедници кои и понатаму остануваат надвор од маргините без значајни позиции и неми посматрачи на дневната политика!
Ај бидете јунаци и излезете самостојно на гласање без нас помалите заедници да ве видиме и да се преброиме - ќе знаете навистина колку навистина вредите Македонци и Албанци!

 

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 254 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот