Во недела на 5 мај во државата ќе се одржи вториот криг на претседателските избори за функцијата шеф на државата. Тој ќе се избира помеѓу двајцата кандидати Гордана Силјановска- Давкова поддржана од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата и Стево Пендаровски подржана од СДСМ и коалицијата. Но исто интересно за грашаните е и прашањето колку се богати кандидатите за оваа функција? Со каков имот влегоа Силјановска и Пендаровски во претседателската трка и што ќе остави зад себе идниот претседател на државата, кога на 12 мај ќе се всели во претседателската палата на Водно. И двајцата кандидати имаат прилично скромен личен имот. Претседателскиот кандидат поддржан од СДСМ Стево Пендаровски живее во скопската населба Автокоманда, во стан од 62 метри квадратни. Народски кажано, тој е домазет, зашто станот е во сопственост на таткото на неговата сопруга и затоа не е наведен во анкетниот лист кај антикорупционерите. На име на Пенадаровски е запишано Југо од 1999 година и заштеда во банка од 12 илјади евра, што ги наследил. Неговата сопруга вози Рено Меган и има заштеда во банка од 3 илјади евра. Гордана Силјановска Давкова, пак, нема недвижен имот на нејзино име. Таа живее во центарот на Скопје, на улица Орце Николов во семејна куќа, сопственост на нејзиниот сопруг. Куќата е од 114 метри квадратни и прилично стара. Силјановска нема автомобил. Нема возачка дозвола, ниту пак сака да вози автомобил. Нејзиниот сопруг, пензиониран правник, има Хонда Шатл од 1996 година. Бидејќи Силјановска не е носител на јавна функција, нема обврска да го пријави имотот кај Антикорупциска. Затоа и немаме детален приказ на незините банкарски сметки. Но од нејзиното семејството велат дека немаат значителни заштети во банка. Но, од друга страна немаат ниту кредити или други долгови.