Политика

Кој е Вања Григорова независен кандидат за Европскиот Парламент од Бугарија

Вања Григорова е родена во 1978 година во Софија, Бугарија. Таа во мометот е претседател на на здружението „Солидарност Бугарија„.
Таа има повеќе активности од областа на заштитата на работничките права и социјално загрозените и маргинализирани групи.

Таа се бори воедно и за ромските права и социјална сигурност од полето на дискриминација еднакви права и заштита.

Според капацитетите и нејзината активност деновиве Комисијата за иницијатива направи отворен повик за собирање на 150.000 потписи за неазвисна кандидатура на Вања Григорова како кандидат за пратеник во Европскиот Парламент.

Од страна на самите иницијатори се убедени дека ќе успеат да соберат доволен број на питпис за незината кандидатура.

Инаку Григориева покрај ромскиот и бугарскиот јазик го владее и англискиот, германскиот и рускиот јазик.

Во недела на 21 Април по шести пат ќе се бира Преседател на државата во Република Северна Македонија

Ова се првите избори по стапување на сила на Преспанскиот договор со кој е решен спорот за името помеѓу Македонија и Грција и земјата го добива името Северна Македонија. Претседателот во заминување Ѓорге Иванов, кој се противел на договорот, повеќе не можел да се кандидира поради уставното ограничување од најмногу два претседателски мандати.

Според македонските закони, кандидатот за претседател може да победи во прв круг доколку освои над 50% од гласовите на сите регистрирани гласачи во избирачкиот список. Во спротивен случај ќе се одржи втор круг на 5 мај во кој ќе се натпреваруваат двајцата кандидати со најмногу гласови од првиот круг. Одзивот во вториот круг треба да биде над 40% за гласањето да се смета за важечко.

Според Уставот, претседателскиот кандидат треба да има над 40 години и да биде жител на државата најмалку 10 од последните 15 години. Еден мандат на претседателот трае 5 години.

Право да гласаат на шестите претседателски избори имаат 1.808.131 избирачи.

За набљудување на изборниот просец акредитирани се од Демократскиот институт на Косово за девет акредитации, граѓанската организација МОСТ за 1527 акридитации и Здружението на граѓани ЦИВИЛ за 148 акридитации.

Во пресрет на изборите во Европскиот Парламент: Ромите се залагаат за Европа, а дали и европските кандидати за нив?

Затоа што помеѓу Ромите и ЕУ има блиска врска , зошто тогаш проевропски ориентираните кандидати јавно не воспостават контакт со ромскиот гласачки електорат неколку недели пред изборите во Европскиот парламент? На крајот на краевите во Франција и Шпанија има по половина милион Роми. Во Словачка , Унгарија и Бугарија Ромите се помеѓу 5 и 10% од севкупното население во тие држави. Партиите потребно е да ја најдат инспирцијата по примерот во Словачка.

Таму на претседателските избори минатиот период победи младата, либерална и проевропски ориентирана кандидатка Зузана Чапутова. Со привлекување на ромските гласови беше дел од нејзината стратегија. По секоја победа во изборниот циклус се заблагодари и на ромскиот електорат и тоа обрачајчи се на ромски јазик. Тоа беше навистина смел и храбар чекор во моментитте кога кандидатите ретко се обидуваат да дадат подршка на Ромите од страв да не ги изгубат гласовите кај мнозинството од гласачите.

Уште поважно е дека Чапутова препозна дека ромскиот гласачки електорат и кандидатите одиграа важна улога во нејзината изборна победа. На локалните избори во Словачка во 2018 година беа избрани околу 40 ромски градоначалници и повеќе од 400 општински советници. Нивниот сојуз против есктремно десно ориентираните партии придонесе во поразот на Маријан Котлеба , политички лидер кој е познат по промовирање на насилство врз Ромите во првиот круг на претседателските избори во Словачка како што беше случај и на регионалните избори пред две години.

Во некои европски држави расте заинтересираноста за изборниот потенцијал на Ромите. Во Шпанија например, четри големи политички партии од левичарската Подемос до конезервативната Ѓудаданос , на своите листи ставија ромски кандидати како одговор на изборниот успех на екстремно десничарската партија Вокс.

Манифест на АВАЈА

АВАЈА претставува граѓанска иницијатива која ги артикулира и промовира интересите на граѓаните Роми до засегнатите страни. Оваа кампања поврзува 10.000 граѓани Роми од 14 градови од државата со цел да го обединат гласот за интересите на заедницата.
Ромите се граѓани во оваа држава и бараат активно да учествуваат во демократските процеси и носењето одлуки. Во изминатиот период, Ромите беа “влечени“, “купувани“ и “манипулирани“ да го дадат својот глас за интересите на другите. Многу политичари доаѓаа и ветуваа дека животот на Ромите ќе се подобри меѓутоа сеуште не го гледаме резултатот во заедницата. Од истражувањата поврзани со избори и излезеноста на Ромите, може да се забележи дека 60% од испитаниците учествувале на претходните претседателски избори и имаат доверба во институцијата претседател на државата.
Со тоа, оваа иницијатива за претстојните претседателски избори има за цел да ги поттикне гласачите Роми да учествуваат на изборите и да бидат дел од одлучувачите. Со учеството на изборите Ромите имаат можност да ги пренесат своите колективни интереси кои ќе бидат дел од барањата до кандидатите за претседатели на државата.
Ние Ромите водени од аргументите на несоодветна правична застапеност во државната и јавната администрација како и недостатокот на системски решенија за проблемите на Ромите забележани од страна на националните и меѓународните организации, сметаме дека државата треба да вложи поголемо внимание и напори за решавање на проблемите кои ги засегаат Ромите и вклучување на ромската заедница во општествените текови.
По консултација со граѓаните Роми, со цел за поголема вклученост на Ромите во општествените текови а воедно и гаранција за успех на иднината на државата, АВАЈА, како граѓанска иницијатива која има за цел да го артикулира гласот на ромската заедница бара

  • Ромите да бидат минимум 2% застапени во државната и јавната администрација до 2020 година со цел да се запази правичната застапеност по институции особено министерствата
  • Двојна буџетска алокација за решавање на проблемите на Ромите до 2020 година
  • Двојно поголема реализација на капиталните инвестиции во ромските населби до 2020 година

 

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 167 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата