Во недела на 21 Април по шести пат ќе се бира Преседател на државата во Република Северна Македонија

Ова се првите избори по стапување на сила на Преспанскиот договор со кој е решен спорот за името помеѓу Македонија и Грција и земјата го добива името Северна Македонија. Претседателот во заминување Ѓорге Иванов, кој се противел на договорот, повеќе не можел да се кандидира поради уставното ограничување од најмногу два претседателски мандати.

Според македонските закони, кандидатот за претседател може да победи во прв круг доколку освои над 50% од гласовите на сите регистрирани гласачи во избирачкиот список. Во спротивен случај ќе се одржи втор круг на 5 мај во кој ќе се натпреваруваат двајцата кандидати со најмногу гласови од првиот круг. Одзивот во вториот круг треба да биде над 40% за гласањето да се смета за важечко.

Според Уставот, претседателскиот кандидат треба да има над 40 години и да биде жител на државата најмалку 10 од последните 15 години. Еден мандат на претседателот трае 5 години.

Право да гласаат на шестите претседателски избори имаат 1.808.131 избирачи.

За набљудување на изборниот просец акредитирани се од Демократскиот институт на Косово за девет акредитации, граѓанската организација МОСТ за 1527 акридитации и Здружението на граѓани ЦИВИЛ за 148 акридитации.

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 439 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот