Политика

Избори за ЕП: Четири ромски кандидати во Чешка, повеќе од 20 во Словачка

Само четворица Роми во Чешка се кандидираа за избори во Европскиот парламент (ЕП). Сите се кандидираат за Ромската демократска партија (РДС).

Во Словачка има повеќе од 20 ромски кандидати на листите на шест партии. Изборите за ЕП ќе изберат 21 пратеник од Чешка, додека 14 ќе бидат избрани од Словачка.

Споредено со изборите во 2014 година во ЕП, бројот на ромски кандидати во Чешка е намален. Во 2014 година имаше најмалку 12 Роми, девет за сега непостоечката Партија за еднакви можности (СРП), два за РДС и една за Партијата на зелените.

Ниту еден од кандидатите што се кандидираат од ромската заедница не е жена. На изборите за ЕП во 2014 година се одржаа три женски ромски кандидати, сите за СРП.
Ниту еден Ром од Чешка не бил избран во ЕП тогаш. RDS доби 0,07% од гласовите (1 185 гласови), а СРП доби 0.04% (640 гласови).

Претседателот на партијата, Мирослав Танкош, е лидерот на овогодинешната четиричлена кандидатска листа на РДС. Тој исто така беше кандидат и во 2014 година.

Вториот е Штефан Горол, а потоа и Мирослав Русенко и Ладислав Сивак. Секоја листа на кандидати може да има околу 28 лица, но RDS не ја искористи оваа можност.

РДС анализа: (Седми дел) Дали државата сака на „мала врата„ да го донесе Законот за лицата без регулиран граѓански статус ?

Проблемот со т.н „Фантоми„ во државата по се изгледа никако да се надѕира крајот. Всушност се стекнува впечаток дека државата прави некои закони на „своја рака„ за да се престави пред сите па и во светото дека - еве донесовме закон за решавање и на тој проблем!

Но реалноста е друга. Сега на потег треба да се ромскиот НВО сектор од аспект на Правна обработка на еден направен на своја рака Закон на лица без регулиран граѓански статус. Иако во брзо време се спроведе еден проект, вклучувајќи и голем број на ромски НВО сектор кои вршеа теренски анализи за Ромите -Фантоми за да се надмине овој сложен процес и самите тие луѓе да бидат официјален дел од ова општество.

Она што е симптоматично е тоа што пред 2-3 недели формирната работна група составена од правници од повеќе државни институции и министерства направена е една работна верзија на овој закон, и е на разгледување која има веројатност да биде и донесена. Уште понелогично е што во таа работна група во изготвување на овој закон ниту се консултирани, ниту се земени во предвид препораките од спроведените предлози и мерки од страна на повеќе Ромски НВО за време на реализираниот проект токму за лицата без документи.

За да не биде доцна еве препорака и насоки од РДС токму оваа работна верзија на овој закон да се прегледа, разгледа и да се коментира со таргет на луѓето кои токму повеќе се запознаени со оваа проблематика, истовремено упатува апел да се земат добрите примери во нашето соседство (Србија) и на тој начин да биде донесен еден Закон кој ќе биде од корист за да се елиминира и да се реши овој навистина долгогодишен проблем на регулирање на државјанството каде најголем процент од тие луѓе се токму Ромите. Затоа уште еднаш еден апел од страна на РДС до сите ромски политички партии, ромскиот НВО сектор и сите други да ја разгледаат оваа Работна верзија на овој закон, и заеднички да се подигне гласот и да се донесе еден заеднички став,

РДС анализата продолжува...

Ставот на текстот преставува личен став на РДС и е надвор од уредувачката политика на Веб порталот Рома Тајмс

 

РДС анализа (Шести дел ): Зошто Самка мисли дека СДСМ го „цени„ највеќе па треба да му даде да води уште едно минситерство - Социјала?

По најавата на премиерот Зоран Заев за таа фамозна „Метла„, веднаш се отвори фронт за евентуална чистка во некои од Министерствата во Владата на РСМ. Mеѓу првите од ромскиот политички блок како желба изреагира актуелниот пратеник од ПЦЕР Самка Ибраимовски дека го „пикираат„ Министерството за труд и социјала.

Таа информација веднаш излезе во јавност по вториот круг од Претседателските избори. Според Ибраимовски капацитетите на ПЦЕР биле „најкопактибилни„ за да го превземе овој ресор и да го водат од редовите на ПЦЕР или поинаку кажано можеби и самиот актуелен пратеник Ибраимовски.

Дали во тој момент Ибраимовски се „преценил„ и помислил дека СДСМ „не може да диши„ без ПЦЕР и дека СДСМ веднаш ќе го послуша и ќе му додели таков ресор на Самка. Дали мисли дека тој е единствениот од ромскиот политички блок кој е најзаслужен да води уште еден ресор покрај оној кој сега е под негова капа.
Каде се другите коалициони партнери од ромскиот блок? Дали тие се неспосбни за таков потфат и водење на министерство во дадениот случај -Социјала?

Втор забележителен момент е дека веднаш после објавата за барање од страна на Ибраимовски за водење на Министерството за социјала, се прашуваме дали СДСМ му испрати „аларм„ дека не е потребно во овој момент да го „задева„ нивниот кадар -Мила Царовска и дека не е Ибраимовски задолжен да оценува кое министерство добро или лошо работи. Можеби од власта беше предупреден дека и веќе доделеното министерство без Ресор кој е под негова капа, ги исполнил своите зададени цели и задачи за кој е задолжен . Кои се тие резултати? Дали ги смета за успех само организирање на настаните 8 Април, 2 Август или 5 Ноември. Каде се резултатите од областа обарзование, домување, здравство, култура и сл. И дали е битно само да се патува некаде под закрила во име на Владата, без некои видливи резултати. Дали помислил дека можеби Владата сака да го „заниша„ и нему доделеното Министерство без ресор?

И веднаш Ибраимовски на својот ФБ профил објави статус со „отрезнување„
На таа објава веќе забележително е дека Ибраимовски „ја спушта топката„ и без еуфорија излегува на некој начин дека и се извинува на Царовска и забележително е дека самиот „си ги голта зборовите„ кои веќе беа исфрлени!

Дали самиот се освестил, или пак некој од погоре го потсетил да не „скока„ многу, ќе покаже времето.

Потребно е да се знае дека „преценувањето„ е многу негативен тренд, и дека е потребно во некои моменти треба да е човек, реален , присебен како и свесен за моменталните сосотојбе!

Се молат политичките лидери да ги врзат безбедносните појаси и без високо летање зошто турбуленцијата се појавува ненадејно и може да ве однесе во непосакувана насока! Тогаш цената скапо се плаќа!

РДС анализата продолжува...

Ставот на текстот преставува личен став на РДС и е надвор од уредувачката политика на Веб порталот Рома Тајмс

РДС анализа: (Петти дел) Дали е време за „Метла„ и во истрошениот и излитен ромски политички кадар?

Секој почеток има и крај! Тоа е општо позната фраза , за работите кога одат во надолна линија. Кога е во прашање пак ромската политичка гарнитура евидентно е дека во изминативе 3 децении по формирањ на првата ромска партија ПЦЕР на чело со првиот ромски пратеник во македонското собрание г-дин Фаик Абди, кој веќе не е меѓу живите од таа партија па до ден -денешен излегоа неколку имиња наметнувајќи се како ромски политички преставници кои и до ден денешен функционираат но во свои формирани политички гнезда.

Меѓу нив се Амди Бајрам, Неждет Мустафа, Шабан Салиу, Самка Ибраимовски, Бајрам Берат и др.Тие во изминативе ја имаа таа „привилегија„ како коалициони партнери да влегуваат во политичките пазарувања со двете поголеми македонски партии СДСМ и ВМРО -ДПМНЕ.

И секогаш „пазарењето„ беше интересно само во свое име, за да се позиционираат на повисоко место на избирачките листи и слични ситни бенефити. Тоа време веќе заминува. Затоа и доаѓа времето на прашањето: „ Дали е време за „Метла„ и во истрошениот и излитен ромски политички кадар?„ Зошто? Затоа што се гледаат резултзатите на старта гарнитура! Време е за свежа политичка инфузија. Потребно е нови современи и авангардни идеи и стратегии.

Тој капацитет го има и меѓу постарата гарнитура на искусни луѓе без политичка дамка а со огромно политичко искуство. Луѓе кои сиот свој капацитет го граделе во меѓународни институции , а исто го има и во некои млади луѓе кои „гризаат„за вакви активности.

Се на се потребни се луѓе кои знаат да работат, а воедно се и на цена меѓу Ромите. Без занесување дека „сам /и можеме да направиме се„ тоа најдобро ќе функционира со фузија на искуство и младост. Тоа е единствената формула за шанси за успех и нов бран на македонско ромската политичка сцена.
Една порака до оние млади со „голем апетит„ за политички функции, за кој старите велат: „Не се јаде се што лета„

Суетите не смеат да проработат. За добробит на Ромите потребно е суетите да ги оставиме во гепек. Само искрено, отворено и директно во очи да се погледнеме! Квалитетот сам ќе исплива на површина. Едно е да седиш во канцеларија и „солиш„ памет, а друго е во секојдневна активност што на терен што во практична работа да созрееш и да ги знаеш фактите и потребите. Најфер е да го работиш за она што си учел и за што имаш диплома. Тестирања или проби не поминуваат. Инаку повторно ќе биде како што беше досега со гарнитурата кој ја очекува „метла„.

Да не биде потоа како оној вицот: Добив понуда и прифатив улога да глумам во порно филм! На крај испадна мојата улога во порно филмот е да бидам мажот на главната порно старлета кој оди на службен пат, а таа останува сама дома! Крајот се знае!

 

РДС анализата продолжува...

Ставот на текстот преставува личен став на РДС и е надвор од уредувачката политика на Веб порталот Рома Тајмс

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 255 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата