По најавата на премиерот Зоран Заев за таа фамозна „Метла„, веднаш се отвори фронт за евентуална чистка во некои од Министерствата во Владата на РСМ. Mеѓу првите од ромскиот политички блок како желба изреагира актуелниот пратеник од ПЦЕР Самка Ибраимовски дека го „пикираат„ Министерството за труд и социјала.
Таа информација веднаш излезе во јавност по вториот круг од Претседателските избори. Според Ибраимовски капацитетите на ПЦЕР биле „најкопактибилни„ за да го превземе овој ресор и да го водат од редовите на ПЦЕР или поинаку кажано можеби и самиот актуелен пратеник Ибраимовски.
Дали во тој момент Ибраимовски се „преценил„ и помислил дека СДСМ „не може да диши„ без ПЦЕР и дека СДСМ веднаш ќе го послуша и ќе му додели таков ресор на Самка. Дали мисли дека тој е единствениот од ромскиот политички блок кој е најзаслужен да води уште еден ресор покрај оној кој сега е под негова капа.
Каде се другите коалициони партнери од ромскиот блок? Дали тие се неспосбни за таков потфат и водење на министерство во дадениот случај -Социјала?
Втор забележителен момент е дека веднаш после објавата за барање од страна на Ибраимовски за водење на Министерството за социјала, се прашуваме дали СДСМ му испрати „аларм„ дека не е потребно во овој момент да го „задева„ нивниот кадар -Мила Царовска и дека не е Ибраимовски задолжен да оценува кое министерство добро или лошо работи. Можеби од власта беше предупреден дека и веќе доделеното министерство без Ресор кој е под негова капа, ги исполнил своите зададени цели и задачи за кој е задолжен . Кои се тие резултати? Дали ги смета за успех само организирање на настаните 8 Април, 2 Август или 5 Ноември. Каде се резултатите од областа обарзование, домување, здравство, култура и сл. И дали е битно само да се патува некаде под закрила во име на Владата, без некои видливи резултати. Дали помислил дека можеби Владата сака да го „заниша„ и нему доделеното Министерство без ресор?
И веднаш Ибраимовски на својот ФБ профил објави статус со „отрезнување„
На таа објава веќе забележително е дека Ибраимовски „ја спушта топката„ и без еуфорија излегува на некој начин дека и се извинува на Царовска и забележително е дека самиот „си ги голта зборовите„ кои веќе беа исфрлени!
Дали самиот се освестил, или пак некој од погоре го потсетил да не „скока„ многу, ќе покаже времето.
Потребно е да се знае дека „преценувањето„ е многу негативен тренд, и дека е потребно во некои моменти треба да е човек, реален , присебен како и свесен за моменталните сосотојбе!
Се молат политичките лидери да ги врзат безбедносните појаси и без високо летање зошто турбуленцијата се појавува ненадејно и може да ве однесе во непосакувана насока! Тогаш цената скапо се плаќа!
РДС анализата продолжува...
Ставот на текстот преставува личен став на РДС и е надвор од уредувачката политика на Веб порталот Рома Тајмс