Политика

Сузана Васиљевиќ, советничката на Александар Вучиќ му се обрати на Ивица Дачиќ: „Жената ти е во болница поради афера со некоја Циганка„

И за српските функционери и политичари, сепак и покрај уставното загарантирано изјаснување како Роми, тие се сепак уште –Цигани.

На интернет се појави своерачно потпишано писмо од Сузана Васиљевиќ, советник за медиуми на Александар Вучиќ и една од главните промотори на пропаганда на владејачката партија во Србија.

Меѓудругото таа во своето испратено писмо до премиерот Ивица Дачиќ се вели: „Ги штитев твоите интереси, ги стопирав непосакуваните информации по весниците и ТВ прилозите, правев политички кампањи на меѓународната сцена, не дека сум шпиун, туку за прв пат можев да сторам нешто што мислев дека е за добро на државата.

А ти дозволуваш на една бивша проститутка, моето па и твоето име да се појавува на интернет и ТВ и мене да ми се заканува и ми испраќа вулгарни смс пораки.

Што да им речам на новинарите кој ме повикуваат и прашуваат дали сум информирана дека сопругата на премиерот завршила во болница поради нервен слом пред неколку недели , поради аферата со некоја Циганка?

Со обзир дека сум професионалец, и сеуште работам за тебе, никому не му кажав кој навистина стои позади се ова. Не поради тебе, туку поради самата мене и твоето семејство.
Затоа те молам тој проблем да си го решиш што поскоро на овој или на некој друг начин„ стои во писмото на Сузана Васиљевиќ.

Link: https://inforadar.co/vesti/najvaznije-vesti-iz-arhive/vuciceva-savetnica-dacicu-zena-ti-je-zavrsila-u-bolnici-zbog-tvoje-afere-sa-nekom-cigankom/?fbclid=IwAR0yvYI8UXIOMnoz4TaJGsvaEeqyOwPL9VipE1vAKHmOKS4odBUH7WaQnPo

Велика Британија: Расизмот се поприсутен во владеачките партии

Годината која измина Ромите ширум Европа прогоните, дискриминацијата, расизмот и насилството  ги почувствуваа на споствената кожа која доаѓаше од самиот државен врв.

 

Едно од главните прашања на минатогофишните општи избори во Обединетото Кралство беше прашањето за раширениот расизам во водечките британски партии. Заклучок е дека исламофобијата е најприсутна кај Конзервативците, а лабуристите се обвинетѕи за анти-семитистички ставови.

 

Но исто така не е заборавен и еден долгодоишен феномен од страна на конзервативците. Тоа е дискриминацијата кон ромската популација каде во Британија е присутна во голем број. Станува збор за околу 300.000 луѓе.

 

Предрасудите кион оние кои се означени како Роми, или Патници, се еден од најраспространите облици на расизам во Британија, каде покрај расизмот од партиите сето тоа и медиумски е премолчено.

 

Link: http://www.portal-udar.net/velika-britanija-rasizam-sve-vise-prisutan-u-vladajucim-partijama/?fbclid=IwAR2cWanqE_IHv-ffoHshh92KdY_Uf11dD9a4t6pb6tWHlYFYcKUVqQWoDbU

Роми на Западен Балкан: Потребна е радикална промена во политиката

И покрај различните иницијативи на ЕУ, состојбата на ромското население во Западен Балкан не се подобри во последните години. Време е за радикално размислување во Берлин и Брисел: тие треба да го препознаат антиромското расположение како основна причина за дискриминација врз Ромите, да развијат нови мерки за борба против тоа и да создадат конкретни изгледи за Ромите на локалниот пазар на трудот.

Антиромското расположение ја карактеризира состојбата на Ромите во Западен Балкан

Следниве податоци за состојбата на Ромите даваат увид во неефикасните политики во последните години на национално и на ниво на ЕУ и ја покажуваат потребата за радикална промена. Податоците за помладата ромска популација беа намерно избрани, бидејќи помладата популација во теорија требаше да има најголема корист од инвестицијата во последните години, вклучително и обемната инвестиција во образовни мерки.

Во 2017 година, 78% од младите Роми (на возраст од 18 до 24 години) во Албанија не биле во образование, вработување или обука (НЕЕТ). Во Босна и Херцеговина учеството е 86%, во Косово 78%, во Црна Гора 82%, во Северна Македонија 74% и во Србија 73%.

За мнозинството население во Западен Балкан, соодветниот процент на млади е помеѓу 33 и 59%; во ЕУ, просечната стапка е 14,3%, додека во Германија стапката е само 8,6%.

Кај младите Роми на возраст меѓу 18 и 21 година, помеѓу 31% (Црна Гора) и 69% (Северна Македонија) имаат завршено задолжително образование; Спротивно на тоа, дипломирале 93% до 96% од мнозинското население во сите земји од Западен Балкан.

Link: https://peacelab.blog/2019/12/roma-in-the-western-balkans-a-radical-shift-in-policy-is-needed

Меркел ги повикува Балканците да живеат и работат во Германија: Во недостиг се на милион работници, ќе се донесе нов закон

Германија на почетокот на следната година ќе донесе закон кој треба да го олесни увозот на квалификувани работници надвор од ЕУ, најавила канцеларката Ангела Меркел и предупрдила на „очајничката“ потреба на економијата за работниците.

Законот за вселување на квалификувана работна сила ќе стапи на сила на 1. март 2020 година и целта е да се отвори пат за работниците надвор од ЕУ да дојдат и да останат да живеат во Германија.

Според последните проценки, таму во моментов има 1,3 милиони непополнети работни места. Во економски најсилната членка на ЕУ работат повеќе од 2 милиони граѓани од другите земји на Унијата.

Поради задоволување на потребите на економијата, владата посегнува по три стратегии. Првата се однесува на целосно искористување на капацитетот на домашниот пазар, втората е на зголемен увоз на експери од ЕУ, а третата е на вселување на стручна работна сила надвор од Унијата.

Во понеделник ќе се одржи вонреден состанок на кој претставници на владата, синдикатот и работодавачите треба да договорат како со новиот закон да привлечат што повеќе експерти од земјите кои не се членки на ЕУ.

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 487 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата