Политика

Орбан ја затвора Унгарија! Забраната во сила од денес

Унгарскиот премиер Виктор Орбан издаде указ со кој се забранува влез на странци во земјата со неколку исклучоци. Забраната, која стапува на сила денес, беше објавена минатиот петок.

Исклучоците се однесуваат за владини службеници кои организираат службени настани, приматели на медицински услуги, странски студенти со потврда дека се редовни, возачи на камиони на пат кон дома, гости на семејни собири како свадби и учесници во спортски, културни или религиозни настани.

Секој на кој му е дозволено да влезе во Унгарија мора да оди во двонеделна карантин и да се тестира негативно за вирусот корона двапати.

Двонеделен карантин е задолжителен и за Унгарците кои се враќаат во земјата од странство.

 

РДС: Каде се Ромските гласови? Геге Демировски покажа во лице дека „ѕверче„

Парламентарните избори се позади нас, и освоените мандати се јасни, СДСМ 46, ВМРО –ДПМНЕ 44, ДУИ 15, Алијансата 13 ... Сега остануваат калкулациите кој ќе прави Влада. Она што е интересно мора да се напомене, а тоа се колку беше ромскиот политички фактор подготвен за изборна трка. Како споредба еве пример општината Шуто Оризари за Парламентарните избор во 2016 и 2020. Ако на овие избори ВМРО – ДПМНЕ собра околу 1.300 гласа во 2016 беа над 4,800. Во „длабок минус – 3.500, СДСМ на 15 јули зема 3606 гласа од Шутка а во 2016 2.600. „Плус„ 1.000 гласа., Но факт е дека Геге Демировски и Народна Партија на Ромите си „собра„1.200 гласа.

Е сега што е поентата? Во 2016 во Шутка гласаа 10.583 , а на 15 јули 2020 едвај 8.000 гласачи . Тоа минус 2.000 гласа.

Губитник е ВМРО –ДПМНЕ тоа е факт, но тогаш за нив „трчаше„ Амди Бајрам и ја донесе таа бројка. Интересно е тоа што во 2016 за СДСМ „трчаа„ повеќе ромски политички фактори и донесоа сите заедно 2.600. Сега 3.600 и пак сите трчаа за СДСМ.

Но вистински својата кампања ја искористи Геге Демировски. На чисто и на СДСМ и на ВМРО –ДПМНЕ им„лапна„1.200 гласа. Ептен машки одиграно. Полека но сигурно Геге се профилираше во фактор кој во иднина се надева дека ќе биде уште поголем. Тој сам ќари 1.200, додека СДСМ партенри – Курто Дудуш, Амди Бајрам, Љатифа, Самка, Неждет, Ферат сите заедно собраа 3.600 гласа.

Ако се поделат Геге сам 1.200 , а сите овие други по дупло помалку  - по 600. Јасно ко ден! Геге Демировски покажа дека е „ѕверче„. Тоа индиректно покажува дека паролата на Геге „Гласај Ром за Ром„ има тежина!  Факт е.

ДИК: СДСМ – 46 пратенички места, ВМРО-ДПМНЕ – 44, ДУИ – 15

Според последните неофицијални резултати на Државната изборна комисија, од преработени 3.421 од вкупно 3.480 избирачки места, коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ освои 46 пратенички места, а ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата 44.

ДУИ освои 15 пратенички места, а коалицијата Алијанса за Албанците/Алтернатива – 12. Левица освои две пратенички места и ДПА едно место во Парламентот.

Според неофицијалните резултати, СДСМ и коалицијата освоиле 36.12 отсто гласови, а ВМРО-ДПМНЕ 34.85.

 

Македонски парламентарни избори - 2020

Десеттите по ред парламентарни избори во Македонија, ќе се одржат на 15-ти јули, кои според Избирачкиот список се 1.814.263 лица. Правото на глас ќе го реализираат на 3.480 избирачки места во шест изборни единици, а ќе избираат меѓу 15 партии и коалиции. Гласањето ќе трае од 7 до 21 часот. Овие предвремени парламентарни избори ќе се одржат во шесте изборни единици (ИЕ) на територијата на земјата.

 

На кандидатиските листи ќе бидат 15 политички субјекти со свои кандидатски листи. Меѓу нив има и ромски кандидати

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 492 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата