Политика

Ромите во Сирија

Заедницата што зборува Домарски дијалект во Сирија, вообичаено идентификувана е како Дом и Навар или едноставно  попознати како Роми,  и се проценува дека брои 100–250,000 или 250–300 000 Роми.

 

Огромното мнозинство не се номади. Постојат полу-номадски групи, некои се движат надвор од земјата. Во Алепо, заедницата Дом е веројатно најголемата, а исто во голем број ги има и во Дамаск, Хомс и Латакех.

 

Заедницата е високо маргинализирана во општеството и тие се нарекуваат Курба (ʾərbāṭ во Алепо) и Караш во северниот дел и Навар (широко користен во Левант) на друго место.

 

Овие поими се користат за различни групи кои главно делат социо-економски профил. Заедницата е поделена на кланови.

 

Се верува дека Домарите мигрирале од Индија преку Персија. Се чини дека тие биле индиска номадска каста која се занимавала со ковачкиот занает или пак биле забавувачи – музиканти. Јазикот е индо-ариевски, тесно поврзан со Централна и Северозападна Индија.

 

Домскиот јазик (Домари) на Блискиот исток е познат како Навари. Домари го покажува турското, курдското и арапското влијание. Имаше промена на јазикот на арапски јазик.

 

Егзонимот „Навар“ може да се користи понекогаш навредливо, означувајќи презир и неморален животен стил, асоцирајќи ги со питачи, номади и крадци.

Сорос доделува милијарди долари за мрежата на универзитети , и средства за ромските студенти

Унгарско –американскиот инвеститор и филантроп Џорџ Сорос планира да донира милијарда долари во универзитетите да ја зајакнат демократијата и да се образуваат маргинализираните заедници.

Сорос тоа го вети на маргините на Светскиот економски форум во Швајцарија, со желба тие средства да се искористат кој се поврзани со постоечката мрежа на иниверзитетите низ светот , и реакција на глобалното затоплување , политиќките трендови и протестните активности.

“Минатат година најмоќните сили, САД, Кина и Русија останаа во рацете на потенцијални и актуелни доктатори, а бројот на авторитативни владари расте„ рече овој 89 годишен милијардер.

Средствата исто така ќе бидат искористени за студенти од маргинализираните заедници меѓу кои и спаѓа голеата европска заедница на Ромите, напомена Сорос.

Поранешниот претседател на германскиот фудбалски сојуз (DFB) Феликс Линеман, испратил стотина луѓе во Аушвиц

Фудбалскиот сојуз на Германија (DFB) соопшти дека поранешниот претседател Феликс Линеман директно е одговорен за испраќање на стотина луѓе во логорот на смртта Аушвиц, каде беа и убиени.

 

Сојузот наведе дека Линеман, кој беше претседател од 1925 до 1945 година . бил директно вклучен во регистрација на Ромите како шеф на контролниот центар на криминалистичката полиција на Хановер, која беше прелиминарна фаза на нивната депортација во Аушвиц.

 

Во понеделник се одбележува 75 години од солободувањето на Аушвиц, а фудбалскиот сојуз на Германија го промовира и подржува Денот на сеќавање на Холокаустот.

 

- Оваа година кога се одбележува и страдањето на повеќе од 20.000 Роми убиени во Аушвиц и чувствуваме посебна одговорност кон таа популација, рече претседателот на DFB Фриц Келер.

 

Link: http://www.zurnal.rs/fudbal/velika-petorka/92014/bivsi-predsednik-fs-nemacke-poslao-nekoliko-stotina-ljudi-u-ausvic?lang=lat

Досега најголем покажан интерес за Конгресот на ИРУ во Скопје во март 2020, до овој момент пријавени се 50 држави

По донесената одлука на членството и кабинетото на ИРУ пред 3 месеци, дека во март 2020 година ќе се одржи 11-от по ред Конгрес на ИРУ во Скопје.

Покрај редовните активности, како што е Избор на нево претседателство и Парламент на ИРУ, во тек беа и испраќање на апликации за членство во ИРУ и прием на нови делегати.

Со тоа расте и бројот на членови на ИРУ Парламентот воедно и дигнитетот на самата организација, која за прв пат покрај што идното раководство ќе го бираат присутните делегати на Конгресот ,исто така на гласањето за идното раководство на ИРУ ќе биде спроведено и преку електронски пат или попознато како Демокртаска Транзиција.

Според покажаниот интерес од страна на самите Роми активисти, интелектуалци , студенти и други, покажан е огромен интерес, со тоа што е голем бројот на пристигнатите апликации за нивно членство во ИРУ, за кој ќе се одлучува на Конгресот на ИРУ во март 2020.

Мора да се напомене дека на самиот Конгрес се очекува учество над 50 држави од целиот свет , кој досега го пријавија своето учество. Планирано е и учество на други видни поканети гости каде се очекува дека таа бројка ќе биде над 150 учесници и гости на овој голем 11-ти по ред Конгрес на ИРУ.

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 430 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата