Политика

Конститутивна средба на Интерпартиска парламентарна група за поддршка на правата на Ромите и нивна инклузија и интеграција во Република Северна Македонија

Во Собранието, беше основана и промовирана Интерпартиската парламентарна група (ИППГ) за поддршка на правата на Ромите, нивна инклузија и интеграција во Република Северна Македонија, во која ќе членуваат пратеници од постоечкиот собраниски состав од различни политички партии.

За коодинаторка на Интерпартиската парламентарна група беше избрана  пратеничката Љатифе Шиковска, а за заменик-координатори се избрани пратениците Љупчо Балковски и Игор Здравковски.

На конститутивната средба, претседателот на Собранието, Талат Џафери, имаше поздравно обраќање, во кое изрази безрезервна поддршка за иницијативата за основање на оваа Група, при што говореше за заштитата и унапредувањето на правата на Ромите во земјава.

На средбата присуствуваа и потпретседателите на Собранието, претседателот и членовите на Комитетот за односи меѓу заедниците, на Комисиjата за еднaкви можности на жените и мажите, на Клубот на пратенички, некои од членовите на неформалните групи, односно на Интерпартиските  парламентарни групи  на Собранието, заинтересирани пратеници, претставници на неколку амбасади, како и претставници на бројни ромски НВО организации

Коодинаторката Љатифе Шиковска, даде образложение за мисијата, целите и приоритетните полиња на работа на оваа Група. Присутните изразија голема почит кон координаторката и основањето на Групата, и притоа, со оглед на спецификите на ромската етничка заедница како уставно признат конститутивен народ, предложија бројни прашања и актуелни теми, идеи, за расправа за степенот на правата на ромската заедница, можности за подобрување на состојбите, а предлозите би се разгледувале на наредните состаноци.

Ромите се етничка заедница со специфични потреби и проблеми, па во таа смисла е потребно грижата на државата за Ромите да биде како морална обврска и како законски регулирана должност во насока на позитивна промена на сеопштиот квалитет на животот на Ромите и нивна поголема партиципација во општествениот живот во Република Северна Македонија.

Во овој контекст, говорниците ги спомнаа починатите Фаик Абди и Амди Бајрам, како репрезентативни претставници на ромската заедница и посветени и докажани борци за нивните права.

Владата најавува! Директоријат за имплементација на Ромската стратегија – меѓутоа без јасни надлежности

По неуспехот на Ромската заедница за добивање на важни позиции како во законодавната така и во извршната власт, по завршување на Парламентарните избори во Република Северна Македонија, и формирање на Владата предводена од Премиерот Зоран Заев, се поставува прашањето: Како понатаму во функционирање на битните прашања и приоритети што се однесува до Ромската заедница?

Во предизборието, тогашниот лидер на СДСМ, Зоран Заев вети дека некој од министерставата во Владата ќе бидат скратени но за возврат на тоа ќе се формираат т.н. Директоријати. Според тоа што се најавува најверојатно еден од тие Директоријати според Заев е резервиран и за Ромската заедница. Всушност, според некои насоки тој ќе ги превзеде ингеренциите на некогашниот Министер без ресор за имплементација и спроведување на акционите планови на Ромската Стратегија.

Но всушност, Директоријатот како ќе функционира сеуште е нејасно. Инаку во последните 2-3 години невладниот сектор дебатираше и дискутираше и токму во таа насока, за успешноста на работат на Министерот без ресер, каде буквално секогаш беше поставен партиски човек, кој работеше според партиска агенда, без некој поголем feedback во разни области со кој е засегнати ромската заедница.

Токму во таа насока, Мрежата за застапување за трајни и системски решенија, ромски невладин сектор, Пртеседателот на Интернациналната Ромска Унија (ИРУ) Зоран Димов, како и неформалното движење РДС за Рома Тајмс ја истакнаа потребата од што поскоро профункционирање на Директоријатот за имплементација на Ромската стратегија. На овие прашања за Рома Тајмс Пртеседателот на Интернациналната Ромска Унија (ИРУ) Зоран Димов го потенцира следново:

„Како прво и најважно изборот за раководител на Дирокторијатот да биде избрана личност која ќе биде непартиски која пред се ќе биде спремен да исполнува задачи и постигне резулати, да поседува високо обаразование а изборот да биде  преку Отворен конкурс. Исто така предлагам да се води сметка и тимот со кој ќе работи да не бидат теснопартиски личности, напротив да се бара професионалци кои целосно ќе се посветат на задачите и исполнување на резулатите.

Предлагам Директоратот да биде одговорен за реализација на Стратегијата за Роми и тој да биде водечка институција во однос на преставување на државната политика во на сока на интеграција на Ромите во општеството. Владата мора да води грижа да не се преклопуваат надлежностите и одговорностите со други структури кои во моментот функционираат во некои министерства.  

Во насока на ефикасна реализација потребно е конструктивен дијалог со преставниците од Ромската заедница како што се пратеникот Г-ѓа Шиковска, Г-дин Асан Ферат и останатите коалиционите партнери од ромскиот политички блок како и Ромскиот НВО сектор.

Со формирањето на Директоратот за спроведување Стратегијата за Роми, Република Северна Македонија дополнително ќе испрати јасен сигнал до Евроската Унија за посветеноста кон интеграцијата и решавањето на потребите на Ромската заедница во општеството. Ова ќе даде јасна слика во општеството дека Владата на Република Северна Македонија не е само декларативно туку и во дела за „Едно општество за сите„ напомена Зоран Димов.

Луѓето со ромска крв кој командуваа со Бугарија, Молдавија и Романија

Како што многу Бугари со убаво се сеќаваат на „Баи Тошо“, толку Бугари го проколнуваат „десничарскиот Ром“. Без да сфатат колку се во право - затоа што научниците веќе го докажаа ромското потекло на Тодор Живков. Според проф. Тодор Балкански, по татковска линија на Живков потекнува од росмки фармери. Во 1877 година, окружен началник на Орханије бил рускиот мајор Сози, „нервозен и сериозен човек“. Имал идеја да ја претвори џамијата во црква и да ги крсти локалните муслимански Роми. Крштевањето се случило во времето на неговиот наследник Мирковиќ - во неговата канцеларија се стркала буре, исполнето со вода и свештеникот ги крстил новите христијани во него. Така, името на семејството Јашаровци било преведено од турски на бугарски јазик и се појави семејството Живковци. А мајката на Тодор Живков - Маруца - беше од семејство на влашки Роми од Сомовит.
Сличен е и случајот со романскиот диктатор Чаушеску. Роден е на 26 јануари 1918 година во влашкото село Скорничехт со името Николае Чауш. Според проф. Балкански, неговото потекло е од Ромски доселеници кои се нарекувале „Бугари“. На 14-годишна возраст, тој стана член на Романската комунистичка партија. Подоцна тој додаде додаток на „еску“ „за стил“ и така стана Николае Чаушеску, кој се прогласи за генијалец од Карпатите. За разлика од службената улога на Живков наспроти Москва, Чаушеску има храброст да посегне до Кремељ и дури не учествува во погронот на Прашкиот пролет од страна на силите на Варшавскиот пакт.
Во претходните времиња, имаше уште еден пример на човек со Ромска крв, кој успеа да стане принц, па дури и да го предводи кнежевството на Молдавија. Неговото име е Стефан Разван. Според една верзија, тој бил син на влашки кмет и Ром кој бил роб на принцот Михаи Витежул. Како дете, Стефан бил роб на Анастаси, митрополит молдавски, кој му дал добро образование, а потоа во својата волја митрополитот го ослободил. Благодарение на неговите лични квалитети, Стефан Разван стана бојар. Тој исто така успеа да стане командант на телохранителот на принцот Арон Тиранолус. Во еден момент, телохранителот Стефан го симна од тронот принцот и се искачи на тронот пет месеци (од април до август 1595 година), со поддршка на Полска. На крајот на краиштата, го завршува својот живот, закован на кол

Link: http://www.voice-bg.com/29-glasat-na-bulgaria/7064-hora_romane.html

Европскиот суд за човекови права донесе одлука против Словачка во случај на полициска бруталност кон Ромите

Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП), чие седиште е во Стразбур, Франција, вчера одлучи дека Словачка ги прекршила правата на две лица повредени од полицајци со употреба на сила за време на рацијата врз ромската заедница во Молдава и Бодву, Словачка во 2013 година, бидејќи одговорните државни органи не испитале доволно за употреба на сила, што претставува кршење на меѓународните законски обврски на земјата во областа на човековите права. Судот на секоја од оштетените странки им одобри компензација во комплетно бараната сума од 20 000 евра.

Инцидентот се случил во јуни 2013 година, кога повеќе од 60 полицајци извршиле рација во ромската заедница што живеела на улицата Будуловска во Молдава над Бодву и физички нападнала околу 30 лица, вклучително и деца и жени. Центарот за советување за граѓански и човекови права (Порадна), невладина организација, обезбеди про боно правно застапување за двајца мажи кои сведочеа дека биле подложени на брутална сила од припадници на полицијата и за време на рацијата и во локалната полициска станица на која тие биле пренесени и задржани потоа.

 

Link: http://www.romea.cz/en/news/world/european-court-of-human-rights-rules-against-slovakia-in-case-of-police-brutality-against-roma

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 234 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата