По неуспехот на Ромската заедница за добивање на важни позиции како во законодавната така и во извршната власт, по завршување на Парламентарните избори во Република Северна Македонија, и формирање на Владата предводена од Премиерот Зоран Заев, се поставува прашањето: Како понатаму во функционирање на битните прашања и приоритети што се однесува до Ромската заедница?
Во предизборието, тогашниот лидер на СДСМ, Зоран Заев вети дека некој од министерставата во Владата ќе бидат скратени но за возврат на тоа ќе се формираат т.н. Директоријати. Според тоа што се најавува најверојатно еден од тие Директоријати според Заев е резервиран и за Ромската заедница. Всушност, според некои насоки тој ќе ги превзеде ингеренциите на некогашниот Министер без ресор за имплементација и спроведување на акционите планови на Ромската Стратегија.
Но всушност, Директоријатот како ќе функционира сеуште е нејасно. Инаку во последните 2-3 години невладниот сектор дебатираше и дискутираше и токму во таа насока, за успешноста на работат на Министерот без ресер, каде буквално секогаш беше поставен партиски човек, кој работеше според партиска агенда, без некој поголем feedback во разни области со кој е засегнати ромската заедница.
Токму во таа насока, Мрежата за застапување за трајни и системски решенија, ромски невладин сектор, Пртеседателот на Интернациналната Ромска Унија (ИРУ) Зоран Димов, како и неформалното движење РДС за Рома Тајмс ја истакнаа потребата од што поскоро профункционирање на Директоријатот за имплементација на Ромската стратегија. На овие прашања за Рома Тајмс Пртеседателот на Интернациналната Ромска Унија (ИРУ) Зоран Димов го потенцира следново:
„Како прво и најважно изборот за раководител на Дирокторијатот да биде избрана личност која ќе биде непартиски која пред се ќе биде спремен да исполнува задачи и постигне резулати, да поседува високо обаразование а изборот да биде преку Отворен конкурс. Исто така предлагам да се води сметка и тимот со кој ќе работи да не бидат теснопартиски личности, напротив да се бара професионалци кои целосно ќе се посветат на задачите и исполнување на резулатите.
Предлагам Директоратот да биде одговорен за реализација на Стратегијата за Роми и тој да биде водечка институција во однос на преставување на државната политика во на сока на интеграција на Ромите во општеството. Владата мора да води грижа да не се преклопуваат надлежностите и одговорностите со други структури кои во моментот функционираат во некои министерства.
Во насока на ефикасна реализација потребно е конструктивен дијалог со преставниците од Ромската заедница како што се пратеникот Г-ѓа Шиковска, Г-дин Асан Ферат и останатите коалиционите партнери од ромскиот политички блок како и Ромскиот НВО сектор.
Со формирањето на Директоратот за спроведување Стратегијата за Роми, Република Северна Македонија дополнително ќе испрати јасен сигнал до Евроската Унија за посветеноста кон интеграцијата и решавањето на потребите на Ромската заедница во општеството. Ова ќе даде јасна слика во општеството дека Владата на Република Северна Македонија не е само декларативно туку и во дела за „Едно општество за сите„ напомена Зоран Димов.