Парламентарните избори се позади нас, и освоените мандати се јасни, СДСМ 46, ВМРО –ДПМНЕ 44, ДУИ 15, Алијансата 13 ... Сега остануваат калкулациите кој ќе прави Влада. Она што е интересно мора да се напомене, а тоа се колку беше ромскиот политички фактор подготвен за изборна трка. Како споредба еве пример општината Шуто Оризари за Парламентарните избор во 2016 и 2020. Ако на овие избори ВМРО – ДПМНЕ собра околу 1.300 гласа во 2016 беа над 4,800. Во „длабок минус – 3.500, СДСМ на 15 јули зема 3606 гласа од Шутка а во 2016 2.600. „Плус„ 1.000 гласа., Но факт е дека Геге Демировски и Народна Партија на Ромите си „собра„1.200 гласа.
Е сега што е поентата? Во 2016 во Шутка гласаа 10.583 , а на 15 јули 2020 едвај 8.000 гласачи . Тоа минус 2.000 гласа.
Губитник е ВМРО –ДПМНЕ тоа е факт, но тогаш за нив „трчаше„ Амди Бајрам и ја донесе таа бројка. Интересно е тоа што во 2016 за СДСМ „трчаа„ повеќе ромски политички фактори и донесоа сите заедно 2.600. Сега 3.600 и пак сите трчаа за СДСМ.
Но вистински својата кампања ја искористи Геге Демировски. На чисто и на СДСМ и на ВМРО –ДПМНЕ им„лапна„1.200 гласа. Ептен машки одиграно. Полека но сигурно Геге се профилираше во фактор кој во иднина се надева дека ќе биде уште поголем. Тој сам ќари 1.200, додека СДСМ партенри – Курто Дудуш, Амди Бајрам, Љатифа, Самка, Неждет, Ферат сите заедно собраа 3.600 гласа.
Ако се поделат Геге сам 1.200 , а сите овие други по дупло помалку - по 600. Јасно ко ден! Геге Демировски покажа дека е „ѕверче„. Тоа индиректно покажува дека паролата на Геге „Гласај Ром за Ром„ има тежина! Факт е.