Германија на почетокот на следната година ќе донесе закон кој треба да го олесни увозот на квалификувани работници надвор од ЕУ, најавила канцеларката Ангела Меркел и предупрдила на „очајничката“ потреба на економијата за работниците.
Законот за вселување на квалификувана работна сила ќе стапи на сила на 1. март 2020 година и целта е да се отвори пат за работниците надвор од ЕУ да дојдат и да останат да живеат во Германија.
Според последните проценки, таму во моментов има 1,3 милиони непополнети работни места. Во економски најсилната членка на ЕУ работат повеќе од 2 милиони граѓани од другите земји на Унијата.
Поради задоволување на потребите на економијата, владата посегнува по три стратегии. Првата се однесува на целосно искористување на капацитетот на домашниот пазар, втората е на зголемен увоз на експери од ЕУ, а третата е на вселување на стручна работна сила надвор од Унијата.
Во понеделник ќе се одржи вонреден состанок на кој претставници на владата, синдикатот и работодавачите треба да договорат како со новиот закон да привлечат што повеќе експерти од земјите кои не се членки на ЕУ.