И за српските функционери и политичари, сепак и покрај уставното загарантирано изјаснување како Роми, тие се сепак уште –Цигани.
На интернет се појави своерачно потпишано писмо од Сузана Васиљевиќ, советник за медиуми на Александар Вучиќ и една од главните промотори на пропаганда на владејачката партија во Србија.
Меѓудругото таа во своето испратено писмо до премиерот Ивица Дачиќ се вели: „Ги штитев твоите интереси, ги стопирав непосакуваните информации по весниците и ТВ прилозите, правев политички кампањи на меѓународната сцена, не дека сум шпиун, туку за прв пат можев да сторам нешто што мислев дека е за добро на државата.
А ти дозволуваш на една бивша проститутка, моето па и твоето име да се појавува на интернет и ТВ и мене да ми се заканува и ми испраќа вулгарни смс пораки.
Што да им речам на новинарите кој ме повикуваат и прашуваат дали сум информирана дека сопругата на премиерот завршила во болница поради нервен слом пред неколку недели , поради аферата со некоја Циганка?
Со обзир дека сум професионалец, и сеуште работам за тебе, никому не му кажав кој навистина стои позади се ова. Не поради тебе, туку поради самата мене и твоето семејство.
Затоа те молам тој проблем да си го решиш што поскоро на овој или на некој друг начин„ стои во писмото на Сузана Васиљевиќ.